Рубрика: Физика
Мастерклас на д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН на ПМФ
Објавено на 01.10.2025 - 13:00

На 29 септември 2025 година во Големиот физички амфитеатар на Институтот за физика при ПМФ – УКИМ, д-р Тадеуш Куртика, претставник на секторот за меѓународни односи на ЦЕРН, одржа мастерклас на тема ‘CERN, the Large Hadron Collider and Future Particle Accelerators’ (ЦЕРН, Големиот хардонски колајдер - LHC и иднината на физиката на елементарните честички).

Настанот беше организиран во рамките на одбележувањето на Европската ноќ на истражувачите, која оваа година за првпат се одржа и во Македонија како соработка на Еурохаус и Природно-математичкиот факултет во Скопје. Студентите и професорите имаа можност директно да се запознаат со современите достигнувања во физиката на елементарните честички и со идните проекти на ЦЕРН, за досегашната но и за можностите за идна меѓународната соработка на академскиот кадар од УКИМ и ЦЕРН.

Инаку, во рамките на Европската ноќ на истражувачите која за првпат се одржува за првпат во Македонија (во организација на Еурохаус и Природно-математичкиот факултет – Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје), три дена претходно, на 26 септември во ТЦ Дајмонд Мол во Скопје, свечено беше отворена и изложбата ‘ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува’.

Пригодни говори на отворањето одржаа Евроамбасадорот Микелис Рокас, проф. д-р Тадеуш Куртика, проф. д-р Мимоза Ристова од ПМФ-УКИМ (која има мината соработка со ЦЕРН) и најнаградуваниот студент од ПМФ со олимписки и меѓународни признанија од физика и математика, Јан Стојановски.

Извор ПМФ - Скопје

Клучни зборови: