Рубрика: Информатика
AI – фасцинација или “Resident evil”?
Автор: Зоран Ивановски
Објавено на 01.05.2025 - 23:15

Способност да учи и да се надградува….. фасцинантно? Размислете малку….

Дали вештачката интелигенција самата по себе е опасност? Или можеби, вистинската опасност доаѓа од “оној/оние” зад неа?

Постојано нè“бомбардираат” со вести за верзија на вештачка интелигенција која, по сè изгледа, звучи и делува како нас, луѓето. Сличност, која секако дека предизвикува и сомнеж. Зборува со беспрекорни, “исполирани” реченици, имитира емоции, изразува љубопитност, тврди дека сочувствува, па дури и се занимава со работи кои ги нарекува креативност. Но, дали е тоа така?

Еве ја вистината – не поседува ниту еден од тие квалитети. Тоа не е човечко. И уште да се представува тоа како да е човечко? Не. Тоа е ОПАСНО, затоа што е УБЕДЛИВО. А тешко да има нешто поопасно од – УБЕДЛИВА ИЛУЗИЈА.
Конкретно, општата вештачка интелигенција, митскиот вид на AI (Artificial Intelligence) која, наводно, ја отсликува човечката мисла, сè уште е научна фантастика и така и би можело да остане.
Тоа што денеска го нарекуваме вештачка интелигенција не е ништо повеќе од статистичка машина – или, со други зборови, “дигитален папагал” кој ги интерпретира образците и податоците веќе внесени/снимени/архивирани од страна на човекот.
Кога испишува одговор на некое прашање, буквално погодува која буква и/или збор ќе бидат следнната/следното во низата. И тоа го прави врз основана податоците на кои е обучен.
(Еден вид напреден пребарувач, нова категорија на пребарувачи? Можеби…времето ќе покаже.) ВИДЕТЕ ДАЛИ ОВА Е СООДВЕТНО ДА СЕ СТАВИ ВО ТЕКСТОТ, АКО НЕ – ИСФРЛЕТЕ ГО!
Ова значи дека вештачката интелигенција нема разбирање, нема свест. Нема знаење во вистинска, човечка смисла, туку само чиста веројатност и конструирана брилијантност. Ништо повеќе, ништо помалку од тоа.
Уште позагрижувачко е тоа што вештачката интелигенција нема свои цели, нема желби, нема етика, освен ако не се дел од нејзиниот код. Тоа значи дека вистинската опасност демне од нејзиниот программер, корпорација, влада, значи – од човечкиот фактор, а не од машината.
И, програмирана е да – УЧИ!

Тоа е навидум интересно, фасцинантно. Но, ако загребеме подлабоко под површината, верувам дека реалноста ќе е по малку застрашувачка!
Сè уште се чувствувате – безбедни?

Клучни зборови:
Способност да учи и да се надградува….. фасцинантно? Размислете малку….

Способност да учи и да се надградува….. фасцинантно? Размислете малку….