Рубрика: Астрономија и астронаутика
Фото на неделата: Маглината Медуза
Автор: Скопско Астрономско Друштво
Објавено на 28.03.2025 - 21:15

Маглината IC 443, позната и како маглината Медуза, претставува остаток од супернова во соѕвездието Близнаци. Сместена на оддалеченост од околу 5000 светлосни години од Земјата, таа е еден од најпроучуваните остатоци од експлозија на ѕвезда. Нејзината сложена структура открива многу информации за динамиката на суперновите и нивното влијание врз меѓуѕвездената средина.

Фотографијата е направена во близина на Скопје, зад Водно, во близина на селото Јаболци, на не баш најдобро небо поради големото светлосно загадување од Скопје и Крстот на Водно. Фотографирано е со телескоп WO 98 и редуктор 0,8, камера ASI071MC.

Маглината Медуза Фотографија: Христијан Петрески, обработка: Боби Кузманоски

Направени се 30 експозиции од 300 секунди, со употреба на нов LUltima филтер, кој пропушта мошне тесен опсег на светлина и штити од светлосното загадување, пропуштајќи ги само оние линии во спектарот на кои зрачат маглините со побуден водород и кислород.

Клучни зборови:
Маглината Медуза

Маглината Медуза Фотографија: Христијан Петрески, обработка: Боби Кузманоски