Луѓето кои лесно се препуштаат на носталгијата, исто така, почесто се трудат да одржуваат блиски односи со своите пријатели, вели студијата објавена во Cognition and Emotion спроведена со помош на речиси 1500 европски и американски учесници.
„Оние кои почесто се чувствуваат носталгично и ги ценат спомените од моментите поминати со другите, се посвесни за важноста на врските и потребата тие да се негуваат“, објаснува Куан-Ју Хуанг, еден од авторите.
Од носталгија знаат да ‘патат’и младите и старите луѓе – очигледно од различни причини.Првите се сеќаваат на изминатите моменти кога е време да се напушти семејството, да се оди на универзитет или да се започне со работа. Вторите ќе се навратат на среќните спомени од минатото додека размислуваат за оние кои повеќе не се тука и за неизвесната иднина.
За да ја истражат врската помеѓу носталгијата и врските, истражувачите спровеле три различни експерименти. Во првата, тие вклучиле група студенти со просечна возраст од 19 години и им поставувале прашања од типот „колку често се чувствувате носталгично?" и „колку сте мотивирани да стекнувате нови пријателства и да ги одржувате сегашните?“. Младите изјавиле дека се чувствуваат мошне блиски со седум луѓе (не само пријатели, туку и семејство и партнери) и сметаат дека во нивниот социјален круг се важни и други лица, најмалку 21 лице.
Вториот експеримент бил сличен на првиот, но вклучил луѓе со просечна возраст од 40 години, кои изјавиле дека сметаат дека пет луѓе се неопходни во нивниот живот и се чувствуваат блиски со уште четиринаесет.
Конечно, во третиот експеримент авторите ги анализирале податоците собрани во период од седум години од Longitudinal Internet Studies for Social Sciences, лонгитудинална студија од Холандија. Притоа, како што и се очекуваше, излезе дека како што старееме стануваме сè поносталгични и дека најмалку сентименталните губат речиси една петтина од нивните најблиски врски со текот на годините.
Сите три анализи укажуваат кон тоа дека оние кои имаат тенденција да се сеќаваат со носталгија на среќните моменти доживеани во минатото се повеќе мотивирани да се грижат за своите врски и да ги одржуваат во живот со текот на времето, наспроти со оние кои се помалку сентиментални.