Новите 7-нанометарски процесори од кинескиот производител на чипови, наводно, ги надминуваат перформансите на серијата Raptor Lake од Интел. Кинескиот производител Loongson ја усвои стратегијата “ток-ток-тик” за да го затвори јазот со Intel и конечно да влезе во директна конкуренција со Intel и AMD...
Кинескиот производител на процесори Loongson, наводно, брзо го затвора јазот со западните производители на процесори во однос на сировите перформанси. Како што известуваат Tom’s Harware и Fast Technology, четвртата генерација на Longsoon ја усвојува “ток-ток-тик” стратегијата (tock-tock-tick) за забрзување на иновациите. Инспирирани од Интеловата добро позната “тик-тoк” стратегија (tick-tock), Loongson изминатите неколку години внесе низа иновации во нивните производи, особено забележливи кај нивните три последни генерации на процесори.
За оние што првпат слушаат за оваа стратегија еве неколку појаснувања. “Ток” се однесува на иновации во архитектурата, дизајнирање нова архитектура на чипови околу веќе постоечки процесорски јазол. “Тик”претставува пренесување/примена на таа постоечка архитектура кај нов дизајнерски јазол. За волја на вистината, Интел повеќе и не ја користи оваа дизајнерска стратегија – неговите најнови чипови Arrow Lake функционираат на сосема нова архитектура и сосем нов процесен јазол. И покрај ова, Loongson ја примени тик-ток стратегијата при креирањето на нивните чипови од последните три генерации, што придонесе за перманентни подобрувања на нивните перформанси. Но, ова од корен се промени со чиповите од четвртата генерација.
Кинескиот производител се чини дека одлучил да ја промени брзината на иновации, усојувајќи нова стратегија – ток-ток2-тик (tock-tock2-tick). Со примена на овој метод се додава втора оптимизација на дизајнот на архитектурата пред тој да се преслика на помал јазол. Ефективно ова значи дека дизајнерите на Loongson добиваат повеќе време за подобрување на CPU дизајнот пред тој да биде префрлен на нов процесен јазол.
Fast Technology открива дека први чипови што работеле на првиот “ток” биле 3A6000, 3B6000M и 3C6000, наречени “Трoјцата мускетари”. Чипови што работат на вториот “ток” се Loongson 3A6600, 3B6600 и 3C6600, при што за разликување од претходната генерација во ознаката на трите чипа се додава „600“. Ова трио чипови е моменталната итерација на процесорите на Loongson. Чипот 3B6600, на пример, се тврди дека работи на исто ниво со процесорите од 12-та и 13-та генерација на Интел благодарение на новите осум јадра од типот LA864 и со клок фреквенција од само 3 GHz.
Четвртата генерација на процесори од Loongson сè уште е во фаза на развој и засега нема информации за тоа кои модели на процесори ќе се “офајдат” со дизајнот на следната генерација. Како и да е, ако чиповите од третата генерација на Loongson веќе можат да се натпреваруваат со процесорите Raptor Lake на Интел, логично е дека чиповите од четвртата генерација би можеле директно да се натпреваруваат со Zen 5 и Arrow Lake. Се очекува чиповите од четвртата генерација на Loongson да работат на нов процесен јазол споредлив со 7-нанометарските јазли од конкурентните западни производители.