Матуранти, време е за следното поглавје од вашите животи. Каде се гледате по 4 години? Доколку сѐ уште не сте се решиле во која насока ќе го продолжите вашето образование утре, сабота – 6 јули, секако посетете го Младинскиот културен центар (МКЦ) каде од 10 до 16 часот ќе се одржи УНИКОМПАС, најголемиот саем на универзитети.
Саемот ќе ви пружи можност да добиете бесплатни стручни совети за избор на факултет и кариера, совети за одржување на менталната благосостојба при оваа голема животна промена, а ќе можете и од прва рака да дознаете нешто повеќе за студентскиот живот и можностите што ги нудат македонските универзитети на идните академски граѓани.
Помеѓу 20-те факултети кои ќе ги презентираат своите студии ќе биде и Природно-математичкиот факултет, со богата програма полна со експерименти, симулации и забава.
Сте виделе ли некогаш пари што не горат? Како да знаете дали сте заљубени или има земјотрес? Како да направите „нинџа“ мастило? “И тоа не е сè”, велат од ПМФ.
Најнапред Институтот за етнологија и антропологија со песна ќе ги покани присутните на штандот на ПМФ, а по нив свое претставување ќе имаат и другите институти од факултетот. Главната презентација на ПМФ ќе биде во салата на киното Фросина во периодот од 12 и 50 часот до 13 и 20 часот.
Значи ставете потсетник за датумот и во сабота правец на УНИКОМПАС.