Рубрика: Медицина
Тампоните содржат токсични метали?!
Објавено на 04.07.2024 - 14:00

Американските истражувачи пронајдоа мали концентрации на метали како олово, арсен и кадмиум во тампоните. Тие велат дека се потребни повеќе истражувања за да се открие дали постои некаква опасност од нив за корисниците на тампони.

Иако токсичните метали се сеприсутни и ние сме изложени на ниски нивоа во секое време, нашата студија јасно покажува дека металите се присутни и во менструалните производи, и дека жените можеби се во поголем ризик да бидат изложени на нив со ористејње на овие производи“, вели Катрин Шилинг, асистент на Универзитетот Колумбија, САД, и коавтор на студија објавена во Environmental International.

Водечкиот автор Џени Ширстон од Универзитетот во Калифорнија Беркли, САД, вели дека ова претставува прва студија од ваков вид.

И покрај тоа што постои голем потенцијал за загриженост за јавното здравје, многу малку истражувања се направени за мерење на хемикалиите во тампоните“, вели Ширстон. „Според нашите сознанија, ова е прв труд што го мери присуството на метали во тампоните. Загрижувачки, откривме концентрации од сите метали за коишто тестиравме, вклучително и токсични метали како арсен и олово“.

Истражувачите тестирале 30 различни видови тампони од 14 различни марки кои се продаваат во САД и Европа. Притоа претрагите биле сконцентрирани на откривање на 16 различни видови метали – арсен, бариум, калциум, кадмиум, кобалт, хром, бакар, железо, манган, жива, никел, олово, селен, стронциум, ванадиум и цинк. Студијата открила мерливи концентрации од сите 16 метали. Притоа арсенот, оловото и кадмиумот биле пронајдени во концентрации од нанограми на грам.

Ниту една марка или тип на тампони немала значително пониски нивоа на метали, начелно. Интересно е што тампоните со назнака ‘органски’ имале повисоки нивоа на арсен, додека неорганските имале повисоки нивоа на олово.

Истражувачите велат дека не е познато дали овие концентрации може да предизвикаат негативни здравствени ефекти за корисниците.

Постојат неколку различни начини на кои металите би можеле да завршат во тампоните. Растенијата од кои се произведува памук можат да апсорбираат метали од почвата и од водата, особено ако во нивната блиска околина има загадувачи. Исто така, металите може да навлезат во овие деликатни производи и во текот на самите производни процеси, на пример, при користење на избелувачи, антибактериски агенси или со вкрстена контаминација од други фабрички процеси.

Тампоните се еден од широко користени производи од страна на жените. Други студии покажале дека повеќе од половина од жените во САД користат тампони, како и речиси половина од жените во Шпанија.

Истражувачите истакнуваат дека вагината има попропустлива мембрана и дека преку неа овие загадувачи може да бидат апсорбирани побрзо отколку на другите места во телото. Научниците бараат дополнителни истражувања за да се види дали овие метали може да се “излезат” од тампоните при нивна употреба.

Навистина се надевам дека од производителите се бара да ги тестираат нивните производи за присуство на метали, а особено за токсични метали“, вели Шерстон.

Дали ова значи дека може да очекуваме ознака со предупредување на пакувањата од овој вид на хигиенски производи? Којзнае. Секако дека се потребни истражувања од поголем обем во кои се надеваме дека би биле вклучени и други менструални производи.

Клучни зборови: