Од 9 до 12 јуни во Шкларска Пореба, Полска се одржа деветтиот Симпозиум за применета електромагнетика – SAEM’2024 (9th Symposium on Applied Electromagnetics). Симпозиумот е во организација на Полското здружение за применета електромагнетика, а во коорганизација со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ во Скопје и Факултетот за енергетика при Универзитетот од Марибор.
Овој Симпозиум кој за првпат се оганизираше и се одржа во 2006 година во Охрид – Македонија, за да потоа следат: 2008 Замошч – Полска, 2010 Птуј – Словенија, 2012 Шопрон – Унгарија, 2014 Скопје – Македонија, 2016 Вроцлав – Полска, 2018 Подчетртек – Словенија и 2022 Струга – Македонија. За жал заради Covid-19 пандемијата собирот во 2020 во Бели Манастир – Хрватска мораше да биде откажан.
На овогодинешното издание на SAEM’2024 од ФЕИТ беа презентирани осум трудови на професори, асистенти, докторанди и магистранти при ФЕИТ. Два од овие трудови беа презентирани на отворањето на советувањето како поканети предавања од авторите: Navigating the Gusts: Evolutionary Strategies for Optimizing Wind Farm Layouts од Маја Целеска Крстевска; и The Scientific Legacy of Professor Lidija Petkovska од Гога Цветковски. Останатите трудови беа презентирани во регуларните сесии на советувањето.
Учесниците од ФЕИТ на советувањето (од лево кон десно): вон. проф. Маја Целеска Крстевска, проф. Гога Цветковски, вон. проф. Благоја Марковски и асистент Иван Темелковски.
Во прилог авторите и насловите на овие трудови: Efficiency Maximization of PMSM Using Equilibrium Optimizer Algorithm од Гога Цветковски; Assessment of Electromagnetic Coupling of Electric Power Systems to Pipelines Using Combined Method of Moments and Transmission Line Theory Based Approach од Благоја Марковски и Леонид Грчев; Full-wave Electromagnetic Model for Grounding and Cable Analysis in Multilayer Earth од Благоја Марковски, Леонид Грчев и Весна Арнаутовски-Тосева; Maximum Power Point Determination of Bifacial PV Using Teaching and Learning Based Optimization Algorithm од Ангела Најдоска и Гога Цветковски; Optimizing Energy Management: A Case study on hybrid energy storage systems for Commercial Facilities од Росана Петрушева и Маја Целевска Крстевска; Impact of High Order Harmonics on the Motor Copper Losses and Short-circuit Characteristics од Иван Темелковски, Горан Рафајловски, Гога Цветковски и Михаил Дигаловски.