Асоцијацијата на Македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје, организира настан на тема Game Design. Се работи за втор настан во низата организирана во склоп на MGI Meetups Presents бесплатни настани посветени на сегменти од развивањето на видео игри.
Што е Гејм Дизајн?
Game Design не е програмирање, арт, моделирање или ригување. Гејм дизајнерот не треба да владее Blender, ZBrush, 3ds Max, Maya,... Unity, Unreal Engine, SketchUp, Houdini,...
Game Design е креирање и моделирање на механики, системи и правила на играта. Осмислување на гејмплејот, бесконечно пишување концепти во Ворд (или бесплатна алтернатива) и табели. Практично, раѓањето на играта!
Датата е 13.6.2024, четврток, од 18 часот во Base42. Ќе трае околу 2 часа, а говорници ќе бидат: Никола Месарович – Game Designer во Demagog Studios, Никола Шошкич –основач и Game Designer во Shosha Games и, се разбира, за резидент-домаќин го имаме Наум Михајловски соосновач и Си-И-О на Furious Avocado... инаку Game Designer од раѓање!
Повеќе детали за целиот настан имате тука!
Влезот е БЕСПЛАТЕН, но регистрацијата е пожелна за да се олесните логистиката.
--- промотивна објава ---