Рубрика: Информатика
Сем Алтман се врати во управниот одбор на ОпенАИ
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 14.03.2024 - 12:45

Четири месеци откако беше исфрлен од компанијата што ја основаше, Сем Алтман се враќа во управниот одбор на ОпенАИ (OpenAI). Иако Алтман се врати на функцијата извршен директор уште во ноември, привремениот управен одбор почека за донесувањето на оваа одлука, надгледувајќи го неговото враќање и истрагата за целиот случај.

Истрагата сега е завршена, а тројца нови членови се додадени во одборот – извршниот директор на Инстакарт и поранешен директор во Мета – Фиџи Симо, поранешниот извршен директор на Сони – Никол Селигман и д-р Сју Дезмонд-Хелман, поранешен извршен директор на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Со-извршниот директор на Сејлсфорс (Salesforce), Брет Тејлор, економистот Лири Самерс и соосновач на OpenAI, Грег Брокман, сегашните членови на привремениот одбор остануваат на своите позиции.

Оваа објава го завршува периодот од неколку бурни месеци за ОпенАИ, што започна со ненадејното отпуштање на Алтман минатата есен. Во петокот, ОпенАИ објави и резиме на наодите на адвокатската фирма ВилмерХејл (WilmerHale), која беше најмена од одборот на компанијата минатиот декември да спроведе независна истрага за настаните што доведоа до отпуштање на Алтман. Но, и покрај ова, сѐ уште не се знаат точните причините за отпуштањето на Алтман, кој се врати во компанијата по само пет дена.

ВилмерХејл открива дека одлуката да за “отказно решение” не се должела на загриженоста за безбедноста на производот, темпото на неговиот развој, ниту на финансиите на компанијата или какви било изјави или ветувања што Алтман ги дал на инвеститорите и на деловните партнери. Тие сметаат дека одлуката била последица од распадот на односите и губењето на меѓусебната довербата помеѓу претходниот управен одбор и Алтман. ВилмерХејл, исто така, заклучуваат дека претходниот одбор на ОпенАИ ненадејно го отпуштил Алтман без да ги извести „клучните засегнати страни“ и без да му даде шанса на Алтман да понуди одговор на нивните грижи.

Во ВилмерХејл дошле до овој заклучок откако прегледале повеќе од 30 000 документи и десетици интервјуа што ги направиле со вработените и менаџерите, вклучително и членови на тогашниот управен одбор на ОпенАИ.

Клучни зборови: