Reddit склучи договор со Google што му дозволува на гигантот за пребарување да ги користи објавите од порталот за онлајн дискусија за обука на неговите модели за вештачка интелигенција и за подобрување на услугите од типот на Google Search. Договорот, објавен во четвртокот и проценет на приближно 60 милиони американски долари, истовремено му овозможува на Reddit пристап до моделите на Google AI за подобрување на неговото внатрешно пребарување на сајтови и други функции. Од Редит одбиле да коментираат или да одговорат на прашањата кои се однесувале за нешта кои не се дел од писменото известување за договорот.
Договорот со Гугл е голем исчекор за Редит, кој се потпира на волонтерски модератори за да ја водат нивната широка мрежа од низа бесплатни дискусии организирани по теми. Овие модератори јавно протестираа против претходните одлуки на Редит, при што неодамна “затемнија” добар дел од порталот, состојба која траеше со денови, откако Редит објави дека планира да започне со наплата на многу од апликациите од трети страни за пристап до неговата содржина.
Според поединец запознаен со ова прашање, договорот со Гугл не предвидува некакви промени во основните податоци кои го овозможуваат функционирањето на Редит. Лицето побарало да остане анонимно за да може слободно да зборува во текот на т.н. „тивок период“ којшто го налага американската Комисија за безбедност и размена, а којшто ѝ претходи на првичната јавна понуда. За разлика од социјалните мрежи како ТикТок, Фејсбук и Јутјуб , Редит не користи алгоритамски процеси кои се обидуваат да погодат за што корисниците ќе бидат најзаинтересирани да видат следно. Наместо тоа, корисниците едноставно ги бараат форумите за дискусија за кои тие самите се заинтересирани и потоа можат да се внесат во тековните разговори или да започнат нови.
Поединецот, исто така, истакнал дека договорот му налага Гугл да ги почитува условите за корисници и политиката за приватност на Редит, коишто се разликуваат од другите социјални медиуми. На пример, кога корисниците на Редит ги бришат своите објави или друга содржина, страницата ги брише насекаде, без никакви сенишни остатоци кои се задржуваат на неочекувани локации. Од партнерите на Редит, како што е Гугл, се бара да го сторат истото за „да ги почитуваат изборите што ги прават корисниците на Редит“, вели личноста што анонимно ги коментирала настаните.
Договорот за споделување податоци е исто така мошне значаен за Google, кој е "гладен" за пристап до материјал напишан од човек што ќе може да го користи за обука на своите модели со вештачка интелигенција, со цел тие да го подобрат нивното „разбирање“ за светот и преку тоа да ја зголемат нивната способност за понудување на релевантни одговори на прашања во формат за разговор.
Гугл го пофали Редит во нивното соопштение за медиумите, нарекувајќи го басен со „неверојатен опсег на автентични, човечки разговори и искуства“ и нагласи дека гигантот за пребарување првенствено има за цел „дополнително да им олесни на луѓето да имаат корист од овие корисни информации“.
Google го минимизираше нивниот интерес за користењето на податоци од Редит за обука своите системи за вештачка интелигенција и наместо тоа стави акцент на олеснетиот пристап што корисниците ќе го добијат до информациите од Редит, од типот на препораки за производи и совети за патувања, со испорака преку производите на Google.
Гугл го опишува овој процес како „повеќе директно прикажување на содржини од Редит“ од што освен што ќе имаат корист алатките на Google, истовремено ќе се олесни и учеството на луѓето во дискусиите на Редит.