Рубрика: Информатика
Заврши 48 часовниот маратон Global Game Jam Skopje 2024
Објавено на 30.01.2024 - 12:00

Заврши 48 часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam Skopje 2024 организиран од Macedonian Games Industry!
 

Ова беше без размислување најдобриот Game Jam кој до сега се одржал во Македонија.

Се пријавија 60 учесници, а на локација дојдоа 75... и сите беа примени. Од нив се формираа 17 тимови, а се направија неверојатни 19 игри, од кои 18 видео игри и еден бордгејм. Темата за оваа година беше „Пробај да ме насмееш“, а истовремено се случуваше во 109 земји во светот, на 797 локации и глобално учествуваа 48000 учесници.

Global Game Jam се случува секоја година, последниот викенд во јануари и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија. Оваа година за прв пат имавме предавања во деновите пред „џемерскиот“ дел од настанот.

mgi.mk

--- промотивна објава ---

Клучни зборови: