Исландскиот вулкан со недели му се закануваше на пристаништето Гриндавик. На 14 јануари, за време на последната ерупција, потоци од лава се упатија од вулканот кон градот. Тековите од лава во кои изгореа најмалку три објекта, поттикнаа брза и обемна реакција на исландските служби за итни случаи, кои градеа бариери, познати како берми, во обид да ја пренасочат лавата подалеку од градот Гриндавик.
Последната ерупција започна од новоотворена пукнатина во земјата, долга повеќе од 1 километар, која се појави североисточно од градот. Бермите успешно ги канализираа повеќето тековите на лава подалеку од Гриндавик. Но, многу поблиску до градот се отвори и втора, помала пукнатина, од која започна да истекува лава која се движеше директно кон Гриндавик. 4000 жители на градот беа евакуирани и никој не е повреден.
Исланд е една земјите со најмногу вулканска активност во светот, бидејќи е смесетена на врвот на врел материјал што извира длабоко во Земјата, а покрај тоа земјата е лоцирана на место каде една од друга се одвојуваат северноамериканската и евроазиската тектонска плоча. Во многу делови на Исланд, оваа вулканска активност се јавува со отворање на долги паралелни пукнатини во земјата, од кои потоа извираат огнени фонтани кои подоцна се ладат за да формираат свежи рамнини од стврднати карпи.
14 јануари: лавата се движи кон Гриндавик, дом на околу 4 000 луѓе.
Истражувачите од Исландската метеоролошка канцеларија и други истражувачки институции ја следеа активноста околу Гриндавик, која започна во почетокот на ноември со низа мали потреси. Забележано е и истовремено подигање на тлото подига под дејство на магмата што се движи под површината, барајќи излез до неа. Во декември, при краткотрајната ерупција потокот од лава безопасно течеше низ пејзажот релативно далеку од градот. Врвната туристичка атракција, геотермалната бања Сина Лагуна (Blue Lagoon), беше и сè уште е затворена, а големата електрана изградена во близина на градот сè уште останува загрозена од ерупциите.
15 јануари: полето со лава и главниот активен отвор на вулканот со Гриндавик во позадина
Последните ерупции се петти ваков настан од 2021 година на полуостровот Рејкјанес, сместен југозападно од главниот град Рејкјавик. Вулканолозите велат дека оваа активност можеби е само почеток на нова фаза ерупции. Пред 2021 година, последен пат оваа област била вулкански активна во периодот наречен Рејкјанески пожари, во почетокот на 13 век, кога тековите од лавата стигнале до сегашните предградија на Рејкјавик и обиколницата што го поврзува меѓународниот аеродром на Исланд со остатокот од земјата.
15 јануари: протокот на лава, тука прикажан по ладењето, уништи најмалку три згради во евакуираниот град Гриндавик
Тековната ерупција е најголема на Исланд од 1973 година, кога вулкан што еруптираше на јужниот остров Хејмаи го затрупа најголемиот дел од тамошниот град во лава и пепел. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година испрати пепел над поголемиот дел од Европа, по што авиособраќајот со денови беше во прекин во најголем дел на континентот.
Извор Nature