На 14-ти јануари 1994 година е основана Македонската телеграфска група – MCWG. MCWG е меѓународна група во која што досега имаат членувано 103 радиоаматери од преку 30 земји од неколку континенти. Оваа неформална радиоаматерска група е основана во време кога употребата на телеграфијата, односно морзеовата азбука со високи брзини меѓу радиоаматерите беше во тренд, а целта беше да се развие врвното телеграфско операторство во Македонија.
Услов за зачленување е да се докаже способност за одржување радиоврски со отворен текст со брзина од 150 знаци во минута и тоа во траење од најмалку половина час.
Во актуелните услови групата има симболично значење и освен потикнувањето на телеграфирањето со големи брзини, своето делување го насочува и кон зачувување на употребата на морзеовата азбука кај радиоаматерите како најстар телекомуникациски мод.