Рубрика: Астрономија и астронаутика
Првата супернова откриена самостојно од вештачка интелигенција
Објавено на 26.10.2023 - 18:30

Серија алгоритми за вештачка интелигенција забележаа и идентификуваа експлозија на супернова. Ова го направија без човечка интервенција.

SN2023Tyk е првата супернова што кога и да е била откриена од машина. Ова астрономско откритие е направено добиено без каква и да е човечка интервенција, ако не се смета уделот на програмерите во изработката на софтверот. Зад откритието стои меѓународен тим научници од универзитетот Нортвестерн, кои ја развиле алатката наречена BTSBot (Bright Transient Survey Bot) која го пребарува небото и има способност за препознавање на небесни објекти.

Вештачката интелигенција најнапред била обучувана со употреба на преку 1,4 милиони слики од речиси 16 000 различни извори. По "тренингот", алгоритмот се зафати со скенирање на ноќното небо, по што мошне бргу ја откри својата прва супернова, која до сега беше непозната.

Оваа иновативна методологија претставува огромен чекор нанапред во потрагата по космички експлозии. Новиот систем овозможува автоматизација на целиот процес, забрзувајќи ја работата на научниците и, што е мошне битно, надминувајќи ја можноста за човечка грешка. Детално, BTSBOT го користеше скенирањето започнато на 3 октомври 2023 година од страна на ZTF (Zwicky Transient Facility), роботска камера која го фотографира небото на северната хемисфера на секои два дена. Суперновата беше откриена на 5 октомври, а нејзиното откритие беше потврдена независно од ВИ во следните часови, по што беше и класифицирана врз основа на видот на експлозијата, а комплетен извештај беше достапен веќе на 7 октомври. Значи за само четири дена заврши целиот циклус на истражување. Процесот, вообичаено, на научниците од Калтек кои го користат ZTF, им одзема илјадници часови!

Зум на блесокот од супернова слика: National Science Foundation / Northwestern University

Се проценува дека астрономите досега откриле само мал дел од сите супернова присутни во универзумот. Објектите не се лесни за идентификување бидејќи бараат посотјано скенирање на ноќното небо во потрагата по нови извори на светлина. Помошта од вештачката интелигенција ќе им даде на научниците доволно време за анализа на откритијата и формирање на хипотези за потеклото на откриените космички експлозии. И конечно, ВИ ќе овозможи подетално проучување на животниот циклус на sвездите и галаксиите, би дознале повеќе и за постанокот на елементите, како јаглерод, железо и злато, кои се генерираат при овие процеси, а исто така би добиле и корисни информации за мерење на експанзијата на универзумот.

Клучни зборови:
Зум на блесокот од супернова, поради што галаксијата добива привидна заобленост

Зум на блесокот од супернова, поради што галаксијата добива привидна заобленост кредит:National Science Foundation / Northwestern University