Пред Националниот оркестар на Кореја во Сеул неодамна застана еден мошне необичен диригент – робот. Хуманоидниот робот EveR 6 се поклонил кон публиката и започнал да диригира, контролирајќи го темпото на концертот што бил изведуван во живо.
Оркестарот во Националниот театар на Кореја започнал со настапот на сигнал од роботот, а EveR 6 ги предводел музичарите без ниту една грешка, дури и во делот кога на негов сигнал биле изведувани импровизации.
Хуманоидниот робот е создаден од Корејскиот институт за индустриска технологија. Во машината претходно биле складирани податоци за движењата што при диригирање ги прави човек- изведувач, запишани со помош на технологија за снимање на движењата.
За следење на видеото на јазик што го разбирате изберете автоматски превод во делот Setings
Но, како што тврди главниот диригент на оркестарот, машината има и свои недостатоци.
„Движењата на диригентот се мошне детални, а роботот ги изврши подобро отколку што можев да замислам“, вели Чои Со Јеул, главен диригент на оркестарот. „Клучен недостаток на роботот EveR 6 е тоа што тој не може да слуша. За време на пробата, јас и другите музичари вложивме големи напори да го разбереме роботот, бидејќи знаевме дека нема слух. Се обидувавме некако да се поврземе со него”, и додава „Мислам дека овој рецитал покажа дека роботите и луѓето можат да се надополнуваат еден со друг, не се работи за робот кој го заменува човекот“.
На концертот EveR 6 диригирал со три од петте композиции напишани од корејски автори. При изведбата на една од композициите диригентската палка била споделена со главниот диригент на оркестарот.
„Претпоставувам дека роботот би можел постојано да диригира само доколку е опремен со вештачка интелигенција што ќе му овозможи да ја разбере и анализира музиката. Тоа е мошне охрабрувачки. Без разлика на чувството за музика и талент, овој обид беше многу добар“, изјави Сонг Ин Хо, уредник на списание за музика.
Се смета дека е корисно кога музичарите вежбаат да ја усовршат изведбата на композицијата, но случајот кога диригентската палка ја држи бескомпромисен робот-диригент се јавуваат и потешкотии. Намерата на композиторот е да ги натера луѓето да размислуваат за нивните врски, а тоа не може да се имитира од страна на робот.