Добри вести за систем инженерите ширум светот – сите тие наскоро ќе можат да го прецртаат WinRAR од списокот на задолжителни програми што треба да се инсталираат по поставувањето на Windows. Покрај мноштвото други нови функции кои се многу фокусирани на вештачката интелигенција, Мајкрософт објави дека следното ажурирање на Windows 11 ќе добие нативна поддршка за RAR, 7-Zip, GZ и другите вообичаени формати на датотеки за компресија.
За потсетување уште во Windows ME беше додадена поддршка за популарниот ZIP формат, кој во има повеќе години од некои од добитниците на Греми наградите оваа година. Но, ограничувањата на форматот ги направија алтернативите како RAR популарен избор. Tоа значеше инсталирање на дополнителен софтвер, а најпопуларен избор тука секако е комерцијалниот WinRAR чијшто 30-дневен бесплатен пробен период беше флагрантно злоупотребуван од мнозинството корисници. 7-Zip, и типот на датотека и програмата, стана популарна бесплатна алтернатива. И веројатно ќе остане така, бидејќи неговата цврста интеграција со менаџерот на датотеки е сè уште најдобриот начин за реално управување со компимираните датотеки.
Имајќи предвид дека напредокот на еден оперативен систем се мери по тоа колку од дополнителните алатки од други производители ги прави непотребни, ова претставува голема победа за Windows 11.
Најавената функционалност ќе се појави со верзијата 22H2 Moment 3, која треба да стане достапна оваа недела со најновиот Windows Update.