Рубрика: Електротехника
Висококвалитетниот алат Bormann во понудата на Лотулс
Објавено на 28.03.2023 - 17:15

Брендот Bormann Tools е основан во 2000 година, а името го отелотворува немирниот дух на човек што постојано копа и ги бранува работите. Имено, BOR(E)MANN на германски јазик означува токму таков човек. Bormann е компанија која нуди добро дизајнирани алатки, лесни за ракување, наменети за ентузијасти и за занаетчии што работат во домашните работилници. Притоа се опфатени сите видови електричен алат – акумулаторски алат, алат со кабел, алат за на клупа, компресори за воздух, машини за заварување и многу повеќе, покривајќи ја секоја можна примена за ентузијастите ширум светот, а сето тоа дополнето со мошне атрактивни цени.

Филозофијата на Борман е да се обезбеди најдобриот можен алат за парите што ги давате. Имајќи го ова предвид не треба да нѐ изненадува тоа што во Борман постојано се работи на подобрување на дизајнот, функционалноста и издржливоста на сите производи од палетата. На овој начин се обезбедува квалитетот на производот и е минимизираат потенцијалните недостатоци. Како резултат на овој континуиран напор, сите алатки ги исполнуваат важечките регулативи и стандарди на Европската унија за сигурни производи и се изработени да траат, така што секогаш можете да се потпрете на нив.

Алатките од палетата на BORMANN кај нас ги нуди компанијата Лотулс којашто е една од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар. Повеќе од нивната понуда може да погледнете подолу во галеријата на фотографии или да прочитате на нивната фејсбук страница тука

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови: