Здружението eSecurity по седми пат самостојно организира ќе ја eSecurity конференцијата која, кон крајот на месец септември оваа година, треба на едно место да ги собере професионалците од областа на информатичката безбедност од регионот и од светот. Конференцијата веќе има традиција во обезбедување на врвни говорници од областа на кибер безбедноста.
Со секоја измината година кибер криминалците стануваат сѐ пософистицирани и меѓусебно сѐ повеќе соработуваат. Според најновите истражувања, компаниите ќе потрошат најмалку 50% од нивниот ИТ буџет за подобрување на корпоративната мрежна безбедност и системите за заштита од малициозен софтвер. Соодветно резервно решение е неопходно и за целосна заштита на податоците. Софистицираниот ИТ безбедносен систем е мошне важен и за познатите и за новите концепти како облак, MDM (Управување со мобилни уреди), IoT (Интернет на нештата), BYOD (Bring Your Own Device) итн.
eSecurity Conference е меѓународен настан, кој секоја година ги следи трендовите во областа на кибер безбедноста. Оваа година сите теми ќе бидат групирани во панели. Дел од предавањата ќе бидат посветени на банкарското безбедносно работење, вклучително и он-лајн и мобилни плаќања и безбедност на платежни картички. Специјалните предавања ќе се засноваат на правилно управување со безбедноста на информацискиот систем, безбедноста на мобилните уреди и апликации, проблеми со автентикација, напредна антивирусна заштита и безбедност на Linux системите, како и дигитална форензика, етичко хакирање, тестирање на пенетрација, системи за обновување податоци и најнови техники за закани и злоупотреба во информациските системи.
Ако понудата веќе ви звучи примамливо, повеќе информации заедно со пријавата за учество на конференцијата што треба да се одржи во септември може да најдете на www.esecurity.rs