Google најави две нови технологии за подобрување на приватноста (ПЕТ). Новите алатки се дел од иницијативата на Google, Protected Computing, дизајнирана да трансформира „како, кога и каде се обработуваат податоците за технички да се обезбеди нивната приватност и безбедност“, велат од компанијата. Обете алатки ќе бидат достапни за секого бесплатно преку отворен код.
Првиот внатрешен проект, наречен Magritte, е веќе на Github. Оваа алатка користи машинско учење за да открие објекти и да примени заматување веднаш штом тие ќе се појават на екранот. Алатката може да маскира произволни предмети како регистарски таблички, тетоважи и слично. „Оваа алатка е особено корисна за новинарите кои сакаат да обезбедат поголема гаранција на приватноста“, велат од Google. „Користејќи го овој отворен код, видео едиторите можат да го заштедат времето потрошено на замаглување на објекти од видео. Со користење на основниот ML алгоритам, детекцијата [на објектите од интерес] во видеото може да се изврши со голема точност“.
Другиот проект, наречен Fully Homomorphic Encryption (FHE) Transpiler им овозможува на програмерите да вршат пресметки на шифрирани податоци без пристап до личните информации. Од Google велат дека тој може да им помогне на индустриите кои нудат финансиски услуги, здравствени услуги и на владите, „кадешто гаранцијата на безбедноста при обработката на чувствителни податоци е од најголема важност“.
И Белата куќа неодамна ја промовираше оваа технологија. Наводно, новата технологија „ќе им даде на истражувачите, лекарите и другите овластен пристап и увид во чувствителните податоци без пристап до самите податоци“. Гугл вели дека и владите на САД и на Обединетото Кралство оваа година имаат натпревар за развој на ПЕТ решенија поврзани со финансиски криминал и со итни случаи во јавното здравје.