Рубрика: Медицина
Нов пристап на бактериска терапија за лекување на рак на белите дробови
Објавено на 26.12.2022 - 11:30

Флуоресцентна микроскопска слика на клетките на рак на белите дробови обоени со антитела против протеините вклучени во клеточниот раст.

Ракот на белите дробови е најсмртоносниот вид на рак ширум светот. Добар дел од моментално достапните терапии се неефикасни, оставајќи ги пациентите со многу малку опции. Една од новите стратегии за лекување на ракот кои ветуваа беше бактериската терапија. Но, иако овој модалитет на третман брзо напредуваше од лабораториски експерименти до клинички испитувања во последните пет години, најефективниот третман за одредени видови на рак можеби се крие во комбинација со други лекови.

Истражувачите од Columbia Engineering објавија дека развиле комбинација претклиничка евалуација на повеќе лекови за карактеризирање на бактериските терапии кај модели на рак на белите дробови. Нивната нова студија, објавена минатата недела во Scientific Reports, ги комбинира бактериските терапии со други модалитети на третман со цел да ја подобри ефикасноста на третманот без никаква дополнителна токсичност. Овој нов пристап можеше брзо да ги карактеризира бактериските терапии и успешно да ги интегрира со сегашните насочени терапии за рак на белите дробови.

Тимот користел секвенционирање на РНК за да открие како клетките на ракот реагираат на бактериите на клеточно и молекуларно ниво. Тие изградиле хипотеза според која молекуларните патишта на клетките на ракот им помагаат на клетките да бидат отпорни на бактериска терапија. За да ја тестираат својата хипотеза, истражувачите ги блокираа овие патишта со сегашните лекови за рак и покажаа дека комбинирањето на лековите со бактериски токсини е поефикасно за елиминирање на клетките на ракот на белите дробови. Тие ја потврдија комбинацијата на бактериска терапија со АКТ-инхибитор како пример во моделите на рак на белите дробови на глувци.

Дизајн на комбинирана терапија за бактериска терапија моделирана со биоинженеринг , применета во неситноклеточен карцином на белите дробови

Истражувачите планираат да ја прошират својата стратегија на поголеми студии за претклинички модели на тешко лекувани карциноми на белите дробови и да соработуваат со лекарите за да се направи притисок за клиничка примена на наодите.

Клучни зборови:
Флуоресцентна микроскопска слика на клетките на рак на белите дробови обоени со антитела против протеините вклучени во клеточниот раст.

Флуоресцентна микроскопска слика на клетките на рак на белите дробови обоени со антитела против протеините вклучени во клеточниот раст. фото: Dhruba Deb/Columbia Engineering

Дизајн на комбинирана терапија за бактериска терапија моделирана со биоинженеринг , применета во неситноклеточен карцином на белите дробови

Дизајн на комбинирана терапија за бактериска терапија моделирана со биоинженеринг , применета во неситноклеточен карцином на белите дробови