Рубрика: Омнибус
30 ГОДИНИ КАМЕРА 300
Автор: Перица Поповски
Објавено на 02.11.2022 - 12:30

Минатата недела во Битола се одржа јубилејното 30 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300”. Целиот процес на селекција и жирирање заврши на 27 октомври, по што на 28 октомври следуваше официјалната проекција, а ден подоцна и свеченото доделување на наградите и признанијата. Годинава во конкуренцијата влегоа 40 документарни филмови од македонски и странски автори, а публиката имаше можност да проследи 25 филмови од 11 различни држави, односно 11 различни филмски култури и продукции...

За потсетување, Камера 300 е меѓународен фестивал на аматерски документарни филмови што се одржува во Битола. Фестивалот го организира кино-клубот „Студио Милтон Манаки“ од Битола, а директор на фестивалот е Стефан Хаџиантоновски.

Оваа година за учество на фестивалот конкурураа 40 документарни филмови од домашни и странски автори. Интернационалното жири, во состав проф. д-р Мишо Нетков од Македонија, проф. д-р Антон Антонов од Бугарија, Владимир Анѓелковиќ од Србија, Љупчо Петровски од Шведска и Благојче Божиновски од Македонија, донесе одлука филмовите во официјалната проекција  да се прикажат  на 28. октомври, додека на и 29, при втората проекција, да се прикаже останатиот дел од филмовите кои беа наградени.

Проекциите беа одржани во центарот за Култура Битола, во малата сала.

Во неговиот говор при отворањето на манифестацијата господинот Стефан Хаџиантоновски меѓу другото истакна: “Годинава кога го бележиме 30-то издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот (непрофесионален) филм, Камера 300, сонот на филмските аматери од Битола стана стварност. Желбата да се организира една филмска манифестација каде се вреднува трудот на филмските аматери стана реалност. Постоеја повеќе усилби во организирањето на една ваква манифестација иако секоја година се приложуваат апликации за ваквиот вид на културен настан“.

По уводниот збор на Стефан Хаџиантоновски, член на советот на фестивалот јубилејниот 30-ти по ред фестивал, манифестацијата свечено ја отвори заменик градоначалникот на град Битола, кому ова му беше прво појавување во јавноста по неговиот избор.

Главни награди и признанија

Со едногласна одлука, стручната жири-комисија на ФАДФ Камера 300, која заседаваше во неделата што им претходеше на деновите со проекции, најпрестижната од наградите, Гран при плакетата Милтон Манаки му ја додели на филмот “Охридските хотели – хотел Радиќ” од Македонија, чијшто автор е Љупчо Паункоски

Останатите награди беа доделени на следните автори:

• Златна камера 300 беше доделена за филмот “Лифтот на бродот Андерток” од автор Џејмс Калмерс
• Сребрена камера 300 доби филмот “Чекори низ дрвената катедрала“ од авторите Мијел Герасим и Едуард Григориас од Романија
• Брозена камера 300 доби филмот “Водици “ од авторот Диме Талевски
• Плакетата УНИКА му припадна на Томе Љушев од Македонија за филмот “Трпејца”

 

Авторски награди

• Најдобра камера освои авторот Гунтер Симер од Словенија за филмот “Инсекти во градината“
• Најдобра режија доби филмот на авторите Јанко Митев и Димитар Атанасов од Бугарија – “Да ти се случи Мандрица”
• Најдобра монтажа имаше филмот “Станицата“ од авторот Петко Илиев од Бугарија
• Најдобра идеја на Катерина Дејковска од САД за филмот “Лесна трауматска мозочна повреда“
• Наградата за репортажа му припадна на Љупчо Ристевски од Македонија за фимот “Градот на кулите”

Специјални награди добија

• Лука и Лорен Кочовски од Македонија за филмот “Во светот на камерите“
• Исмет Дрслан од Турција за филмот “Си недефециран јазик на стоте книги“
• Валентина Андреиќ за филмот “Неколку цркви во Кумановско”

На Љупчо Паункоски му беше доделена Диплома за филмот “Селци и Малесија”

Клучни зборови:
Директорот на фестивалот и заменик-градоначалникот на Битола на отворањето на официјалниот дел од програмата

Директорот на фестивалот и заменик-градоначалникот на Битола на отворањето на официјалниот дел од програмата

Наградите и признанијата спремни да бидат врачени во вистинските раце

Наградите и признанијата спремни да бидат врачени во вистинските раце

Сите добитници на награди и признанија

Сите добитници на награди и признанија

Добитникот на Гран при наградата Паункоски заедно со директорот на фестивалот и претседателот на жирито

Добитникот на Гран при наградата Паункоски заедно со директорот на фестивалот и претседателот на жирито

Жири комисијата дискутира за селекцијата на филмовите

Жири комисијата дискутира за селекцијата на филмовите

Прикажување на филмовите пред жири комисијата

Прикажување на филмовите пред жири комисијата