Google Cloud и Coinbase објавија долгорочно стратешко партнерство со цел на подобрување на услугите на растечкиот екосистем на Web3 и за програмерите, кои сега ќе можат да пристапат до крипто јавните бази на податоци BigQuery. Со оваа соработка за корисниците на услуги во облак на Google ќе добијат можност да ги наплаќаат своите услуги на клиентите во криптовалута по сопствен избор.
Според Coinbase и Google, крипто плаќањата ќе бидат достапни за корисниците во Web3 просторот на почетокот од следната година. За да го овозможи ова, Google ќе користи Coinbase Commerce, алатка што им овозможува на компаниите да примаат, прифаќаат и да конвертираат криптовалути, тука вклучувајќи ги Bitcoin, Ethereum, USD Coin, Tether USD, Dogecoin, Shiba Inu и други криптовалути.
Како што пишува The Verge, Google, исто така, планира да ја користи Coinbase Prime платформата за крипто тргување на „институционално ниво“,создадена првенствено за големите компании, за складирање и трговија со криптовалути.
Од друга страна, Coinbase ќе го избере Google Cloud како стратешки давател на услуги во облак за изградба на услуги за напредна размена и податочни услуги, заменувајќи и ја делумно на тој начин употребата на Amazon Web Services.
Coinbase ќе го користи Google Cloud за обработка на блокчејн податоци и на тој начин ќе го подобри глобалниот досег на своите крипто услуги со искористување на премиум мрежата со оптички влакна на Google.
Како што објави Google, Coinbase, исто така, ќе ја изгради својата глобална податочна платформа на безбедната инфраструктура на Google Cloud и ќе ги искористи и своите водечки технологии за податоци и аналитика за да обезбеди на корисниците крипто увид управуван со машинско учење.