Рубрика: Роботика
Најбрзиот робот на светот
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 07.10.2022 - 13:00

На атлетската патека на Државниот универзитет во Орегон, двоножниот робот Кеси постави нов брзински рекорд на 100 метри. Не беше побрз од Јусеин Болт, но неговите резултати се сепак импресивни за еден двоножен робот.

Роботот, којшто е дело на компанијата Agility Robotics при Државниот универзитет во Орегон, влезе во Гинисовата книга на рекорди соборувајќи го рекордот во трчање (во категоријата роботи) на растојание од 100 метри, со време од 24,73 секунди. Ништо спектакуларно, би рекле,  имајќи предвид дека Јусеин Болт, најбрзиот човек на светот, оваа патека ја трча за сè на сè 9,58 секунди. Но, ова е одлично време за еден робот, кој меѓу другото, успеа да ја измине патеката до крај, без да се сопне или да падне.

Иако името сугерира хуманоид со женски карактеристики, изгледот на Кеси е сè освен човечки. Структурата и трендот на трчање потсетуваат на ној чијшто горен дел од телото е отстранет.

Кеси не е почетник кога се во прашање рекордите и големите достигнувања – во 2021 година таа успеа да истрча 5 километри за нешто повеќе од 53 минути, со што стана првиот двоножен робот што користи машинско учење за да го контролира темпото на трчање на отворено.

Роботот нема сензори или камери, па во суштина се движи како да е слеп, потпирајќи се само на она што претходно го ‘научил’. Тренингот бил краток, но интензивен. Во текот на само една недела, она што роботот го научил е еквивалентно на една година физички вежби. Кеси разработувал повеќе пресметки и процеси, учејќи од неколку извори истовремено.

Засега роботот на Државниот универзитет во Орегон е најбрзиот робот на светот, но не е и првиот робот што трчал. Пред него тоа го направи роботот Atlas од Boston Dynamics, кој трча со брзина од 1,5 метар во секунда, но затоа има способност да изведува скокови и салта достојни за еден гимнастичар. Пред него, пак, трчаше и роботот Мејбел од Универзитетот во Мичиген, којшто е најбрзиот двоножен робот со колена во светот (3,6 метри / секунда).

Засега, трка Болт против робот сè уште нема некоја смисла, но со оглед на брзината со која технологијата се развива, може некоја ваква трка каде човекот и роботот ќе мерат е сосема  извесна, дури и не толку далеку во времето, можеби за неколку години.

Клучни зборови: