Women in tech Македонија со гордост ја најавува втората конференција за дизајнери “UIUXMKD vol. 2.- Think and create outside the box” којашто ќе се оддржи на 15 октомври со почеток од 12 чaсот во просториите на Нетавиле, ул. Никола Тесла бр.9, Скопје.
На оваа конференција ќе бидат присутни искусни дизајнери кои ќе го споделат своето искуство за следните теми:
• Илија Бојчовиќ - Сениор UX инженер во Mediatool и Програмски координатор во AcedemyOfUX, кој ќе зборува на тема „UX Недоразбирања“.
• Лазар Николов – DevRel во Sentry и core член на Chakra UI кој ќе зборува на тема „Дизајнирајте за вашите корисници, а не за вашите идни работодавци“.
• Катерина Димитриоска - UX дизајнер за AR во Augment IT by Netcetera, која ќе зборува за „Дизајнирање на кориснички искуства за аугментирана реалност“.
• Дејан Милосавлески - Ко-основач на Altius Solutions и основач и креатор на Vendor, кој ќе зборува за „Како да се имплементира висококвалитетен UX дизајн во нискобуџетни проекти“.
Атмосфера од претходната конференција
Конференцијата е отворена за сите, не заборавајте да се регистрирате бидејќи местата се ограничени на следната форма: https://lnkd.in/emh2F63v Поради ограничениот капацитет на седишта, со цел да го обезбедите вашето место на конференцијата, сите пријавени ќе добијат потврда на емаил.
“Многу не радува што првата конференција за UI/UX помина со огромен интерес при што бевме сведоци на над 3000 слушатели онлајн. Додека во живо поради ограниченоста на просторот беа присутни 70ина слушатели. За оваа конференција очекуваме интересот да продолжи. Секако, во иднина би сакале да обезбедиме и поголема кино сала со цел за сите заинтересирани да можат да бидат присутни. Ги покануваме сите заинтересирани компании во поддршка на оваа иницијатива да се вклучат и да успееме во креирање на уште подобри едукативни содржини за нашата ИТ заедница.” изјави Моника Ризовска, амбасадорката на Women in tech во Македонија.
Атмосфера од претходната конференција
Заедницата на Women in tech Македонија редовно организира отворени бесплатни настани со цел да се намали јазот и зголеми познавањето на технологијата првенствено за девојки и жени, но и за сите останати заинтересирани.