Рубрика: Информатика
Хакери продаваат податоци на повеќе од милијарда граѓани украдени од кинеската полиција
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 08.07.2022 - 17:00

Сè уште неидентификувани хакери тврдат дека ги украле податоците на повеќе од милијарда кинески граѓани, а експертите велат дека ако се покаже дека хакерите ја кажуваат вистината, ова би можело да биде најголемото нарушување на кибер безбедноста во историјата на Кина.

Украдената податочна база во моментов се продава на еден хакерски форум што се појави како алтернатива на популарните Raid форуми. Според продавачот, податоците се украдени од податочната база во сопственост на Националната полиција на Шангај (SHGA) и ги вклучуваат следните информации: име, адреса, место на раѓање, број на мобилен телефон и број на социјално осигурување. Wall Street Journal пишува дека хакерите дале примерок од податоците, во коишто се вклучени извештаи за криминал што датираат од 1995 година. Новинарите ја потврдиле легитимноста на некои од податоците со тоа што ги повикаа луѓето чии броеви беа обелоденети.

Претставниците на шангајската полиција не го коментирале ова прашање.

Продавачот исто така тврди дека SHGA не бил хакиран, туку дека податочната база протекла поради погрешна конфигурација. Хакерите кои украле околу 23 терабајти податоци што сега ги продаваат за 10 биткоини, кои во моментов вредат нешто повеќе од 180 000 долари.

Во понеделникот, основачот и извршен директор на берзата за криптовалути Binance, Зао Чангпенг, твитнал за инцидентот. Сепак, тој не ја именувал државата и само спомнал дека жртва на инцидентот е една „азиска земја“. Тој на Твитер потврдил и дека овие податоци се продаваат на т.н. дарк веб.

Сè уште не е јасно како хакерите се инфилтрирале во полициската база на податоци, но има индиции дека до неа пристапиле преку провајдерот на клауд услуги наречен Алијун, којшто е во сопственост на Alibaba. Алибаба соопшти дека истрагата за инцидентот е во тек.

Клучни зборови: