Со почеток во 16 часот оваа сабота, 18.6.2022, ќе се одржи конференцијата UIUXMKD – Think and create outside the box, во организација на Women in Tech Macedonia. Бидете во тек со најновите трендови за дизајн и корисничкото искуство преку разговорот со 4 професионалци од индустријата. Поради голем интерес, конференцијата ќе биде онлајн. За присуство на конференцијата пожелно е да се регистрирате на линкот.
На конференцијата ќе бидат присутни гости панелисти со долгогодишно дизајнерско искуство во македонски и странски фирми како и стартапи. Гостите панелисти ќе зборуваат на различни теми поврзани со UI/UX дизајнот. Своите професионалните искуства и предизвици ќе ги споделат:
Нина Геометриова – продукт дизајнер во Инстаграм
Дарко Лековски – креативен директор во Витала
Александар Бојковски – UX дизајнер во Symphony Solutions и ментор на Семос UX Design Academy
Ѓорѓи Трпчев – UX дизајнер во Mak-System и UI ментор во UX Academy of UX
Огромна благодарност до Europe House Скопје, Impact Foundation, Keitaro, Reconomy и Beer.js Скопје, за неизмерната поддршка во реализација на оваа конференција. UIUXMKD – Think and create outside the box е бесплатна конференција и онлајн настан достапен за сите заинтересирани, почетници во дизајн, искусни дизајнери и сите кои се заинтересирани да научат нешто ново. Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.
--- промотивен напис ---