Дивизијата за управувани услуги на Сеавус само што го доби својот 250-ти вработен. Ова е огромно достигнување за дивизијата во која работат луѓе од 15 различни националности и од 17 различни градови во светот. Всушност, во последниве неколку месеци, истата порасна за дури 65 вработени, од кои десетмина доаѓаат од ITOSE талент програмата на компанијата.
„Возбудена сум и благодарна што нашиот тим ја достигна бројката од 250 вработени. Имајќи го предвид нашиот одличен тимски дух, како и заедничкиот стремеж да ги надминуваме очекувањата на клиентите и да постигнуваме големи цели, уверена сум дека ќе оствариме значајни резултати. Би сакала да им честитам на сите мои колеги од тимовите на Дивизијата за управувани услуги за ова важно достигнување. Со ваков успешен тим, нè чекаат уште 250 чекори за искачување“, изјави Ружица Калкашлиев, менаџер на Дивизијата за управувани услуги.
Сеавус е рангирана меѓу првите 50 компании - даватели на управувани услуги (Managed Services Providers) во светот и им нуди на своите клиенти приспособен „аутсорсинг“ т.е. надворешни услуги за поекономичен пристап во различни области: од обезбедување ресурси и консултации, управување со апликации, хостирање и администрација, па сè до операции и одржување на позадински системи.
Во сложени средини што зависат од технологија, најважниот фактор за успех е ефикасноста во решавањето на технолошките прашања и предизвици.
Како дел од Арикома групацијата, компанијата продолжува да расте и се стреми да пречека уште 250 експерти во тимовите на Дивизијата за управувани услуги, кои би работеле во некоја од канцелариите на Сеавус ширум светот.
Seavus® е компанија за развој на софтвер и консултантски услуги со докажано искуство во успешни деловни софтверски решенија. Компанијата има над 850 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европските и американските пазари преку неколку канцеларии и претставништва низ целиот свет. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS / OSS, CRM, CEM, Business Intelligence solutions, ALM, Embedded programming, business и consumer производи, мобилни апликации и gaming решенија, Managed Services, како и консултации и развој на апликации на барање на клиентите. Портфолиото се состои од голем број клиенти, вклучително и глобални телекомуникациски оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации во банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.
--- промотивен напис ---