Рубрика: Информатика
Google Drive на веб добива кратенки на тастатурата за Copy, Cut & Paste
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 02.06.2022 - 16:45

Google Drive на интернет конечно добива кратенки на тастатурата за копирање, сечење и лепење. Ова може да биде изненадување, но оваа можност претходно веќе не беше достапна за веб-клиентот на услугата за складирање датотеки во облак на Google. Сепак сега, или барем многу наскоро, таа ќе биде овозможена.

Комбинации на копчиња за овие кратенки се вообичаените: Ctrl + C за копирање/copy (⌘ + C за iOS), Ctrl + X за кратење/cut и Ctrl + V за “лепење”/paste.

Можете да ги користите овие комбинации на копчиња за брзо копирање или преместување датотеки на нови локации во Drive и низ повеќе јазичиња на drive.google.com, наместо да влечете и спуштате или да го користите менито со десен клик. Според Google, копирањето на датотека со помош на кратенката, освен наслов ќе го зачува и лнкот до неа. Ова го олеснува вметнувањето на датотеката сои хиперврска (hyperlinked) во документот или е-поштата.

Дополнително, можете да залепите кратенки до датотеките организирани во папка со комбинација на копчиња Ctrl + Shift + V. Ова ќе ви помогне да ги „организирате датотеките на повеќе локации без непотребно да создавате дупликат датотеки“. Комбинацијата Ctrl + Enter, во меѓувреме, ќе отвори датотеки или папки во ново јазиче. Google вели дека ова ќе ви овозможи „лесно да прегледувате повеќе датотеки одеднаш или да користите различни јазичиња за полесно да ги организирате датотеките помеѓу две различни локации на папки“.

За жал, можноста да се користат кратенки на тастатурата за сечење, копирање и залепување датотеки во Google Drive на интернет сè уште е ограничена само на домашниот прелистувач на компанијата – Google Chrome. Ако сте корисник на Microsoft Edge или Firefox, или кој било друг прелистувач, немате среќа. Барем засега, сè уште ќе мора да се послужите со менито со десен клик за секое од овие дејства. Се надеваме дека во иднина Google ќе додаде поддршка за повеќе прелистувачи. Ќе ве известиме дали и кога тоа ќе се случи.

Google започна да ги пласира новите кратенки на тастатурата на веб-клиентот на Drive на 26-ти мај. Како и вообичаено, први можноста ќе ја добијат корисниците на домени за брзо објавување, а потоа и оние со домени за закажано објавување. Компанијата се надева дека ќе ги направи кратенките достапни за сите до оваа сабота, 4 јуни. Сите клиенти на Google Workspace, како и корисниците со лични сметки на Google, ќе можат да ги користат кратенките сè додека користат Drive на Google Chrome.

Клучни зборови: