Тојота повлекува околу 460 000 возила во САД за да го реши софтверскиот проблем што може ненамерно да го оневозможи електронскиот систем за контрола на стабилноста.
Од производителот на автомобили соопштиле дека при рестарт на возилата, во ретки случаи софтверот може автоматски да не го префрли системот во режим „вклучено“. Ова може да го оневозможи системот, кој користи компјутер за индивидуално сопирање на тркалата со цел да им помогне на возачите да ја задржат контролата.
Повлекувањето ги опфаќа моделите на возила произведени во периодот од 2020 до 2022 година, тука вклучувајќи ги моделите Venza, Mirai, RAV4 Hybrid, RAV4 Prime, Sienna Hybrid и Highlander Hybrid на брендот Toyota. Исто така софтверската грешка била забележана и кај моделите LS500h, LX600, NX350h и NX450h-plus од луксузната марка Lexus.
За да го решат проблемот дилерите ќе го ажурираат софтверот на компјутерот за контрола на лизгање. Притоа сите сопственици кои набавиле на некој од овие автомобили се планира да бидат известени за дефектот најдоцна до средината на јуни.