Рубрика: Информатика
Стартап викенд хакатон – започни свој бизнис за еден викенд
Објавено на 13.04.2022 - 21:45

Од 15 до 17 април 2022, Универзитетот за информациска наука и техника св. Апостол Павле од Охрид ќе биде домаќин на настанот Стартап викенд Охрид поддржано од Стартап Македонија

Стартап викендот претставува глобален настан / хакатон кој има за цел да ги поттикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти да формираат тим на една локација за да развијат бизнис идеја од концепт до прототип во период од 54 часа (еден викенд).

Секој учесник се регистрира како поединец со сопствена бизнис идеја или со желба да се приклучи на еден од топ 10 тимови кои ќе ја развијат идејата во следните 54 часа.

Настанот ќе започне во петок, 15 април попладне и ќе трае до недела, 17 април навечер, кога секој од тимовите ќе го претстави својот деловен концепт пред стручно жири.

Целиот настан е модериран од сертифициран Стартап викенд (Startup Weekend) модератор кој заедно со организацискиот тим и менторите имаат цел тимовите-учесници да постигне максимален ефект од овој настан.

За време на настанот  на учесниците им се обезбедени потребни услови за да можат да се фокусираат на развој на идеите (простор за работа, храна, опрема и сместување).

Пријавувањето за учество е отворено до 14 април на следниот линк: https://event.techstars.com/event/aiK2Vnwvc

Клучни зборови: