Најава за финалната рунда тестирања на Проксалутамид, анти-андрогенскиот лек на кинеската фирма Кинтор, како лек за ковид-19 пристигна кон крајот на минатата година. Лекот е едноставен за употреба, се администрира орално и во старт се проценуваше дека има потенцијал за намалување на смртноста за 78% во најтешките случаи. Покрај ова тој нуди уште една поволност – неговата ниска цена.
Деновиве се објавени официјалните резултати од третата фаза клинички испитувања на Проксалутамид (Proxalutamide), како ран домашен третман против ковид. Тие се следни:
• 71% намалена хоспитализација и 100% намалена смртност ако лекот се пие повеќе од 1 ден.
• 100% намалена хоспитализација и 100% намалена смртност ако лекот се пие повеќе од 7 дена.
• Безбедноста на овој лек е супериорна во однос на Молнупиравир (Мерк) и Паксловид (Фајзер).
Како краен производ овој лек би чинел едвам малку повеќе од 10 евра за комплетен третман, наместо цените во опсег од неколку стотици евра што ги имаат третманите од конкурентските фирми.
На пример, терапијата со лекот Молнупиравир од Мерк чини 700 долари по пациент. Третманот со Паксловид од Фајзер, пак, чини 530 долари по пациент.
Наспроти нив, третманот со лекот Проксалутамид (Кинтор) би чинел сè на сè 11 долари по пациент, според изјавата на главниот извршен директор на Кинтор дадена во декември за француска телевизија.