Германските истражители во вторникот затворија даркнет продавница на руски јазик за којашто велат дека била специјализирана за трговија со дрога. Притоа биле запленувати биткоини во вредност од 23 милиони евра.
Обвинителите во Франкфурт ја опишале платформата „Хидра маркет“ како најголем нелегален пазар на даркнет мрежата во светот. Тие објавије дека ја заплениле серверската инфраструктура од платформата којашто била поставена во Германија.
Публикацијата за сајбер безбедност, списанието CPO објави дека Hydra забележала неверојатен раст од 634% од 2018 до 2020 година, што претставува 75% од нелегалните трансакции направени преку Интернет. Како што пишуваат, тие успеале да привлечат „сајбер-криминалци од висок профил, вклучително и бандата DarkSide одговорна за нападот на откупниот софтвер на Colonial Pipeline, во САД”. Пандемијата придонесе за деловен бум на Хидра, бидејќи повеќе нелегални трансакции се префрлија на интернет.
Затворањето на платформата е резултат на истрагите што биле водени и спроведувани уште од август минатата година, а во нив учествувале и американските власти.
Според обвинителите, платформата била активна најмалку од 2015 година. Освен нелегални дроги, на неа биле тргувани фалсификувани документи, пресретнати податоци и „дигитални услуги“. Како што објавиле германските истражни органи на платформата имало околу 17 милиони регистрирани сметки на клиенти и повеќе од 19 000 регистрирани продавачи.
Платформата остварила продажба од најмалку 1,23 милијарди евра во 2020 година.