Microchip објави дека ги комбинира индустриската класа TrustFLEX ECC608 и автомобилската класа Trust Anchor TA100 со услугите за обезбедување безбедносни клучеви на компанијата за Qi 1.3 предавателите на енергија.
Новата понуда претставува сè-во-едно безбедносен потсистем за складирање податоци што вклучува безбедносен клуч за комерцијалните и автомобилските системи. Најавата пристигнува по објавувањето на спецификациите за Qi 1.3 од страна на Wireless Power Consortium (WPC), што создаде побарувачка за високобезбедни силиконски уреди за автентикација со целосна поддршка.
Спецификацијата на Qi 1.3 сега наложува додавање на безбедносен потсистем за складирање со вклучен безбедносен клуч, вклучувајќи X.509 сертификати што криптографски го потврдуваат изворот и квалитетот на сертифицираниот предавател на енергија. Кога приемникот во мобилниот телефон, на пример, е поставен врз Qi 1.3 предавател за напојување, тој првично може да прифати полнење од 5 W или воопшто да не се полни. Потоа, по успешната ECC автентикација базирана на X.509 со која се докажува дека полначот е одобрен уред и “не прави штета“, телефонот безбедно ќе прифати полнење од 15 W што значително го намалува времето на полнење.
Microchip како WPC лиценциран производител со производствен сертификат (CA), не само што нуди претходно конфигурирани решенија за безбедносен потсистем за складирање кои ја намалуваат сложеноста и времето на развој, туку и ја намалуваат техничката бариера за влез преку вкучување на велата процедура за автентификација на клучот во WPC root сертификатот, во име на клиентите на Микрочип.
Со обезбедување на комплетен сертифициран референтен дизајн, вклучувајќи и апликациски MCU, Qi 1.3 софтверски пакет, безбедносни потсистеми за складирање со поддршка за крипто библиотека, заедно со услуги за обезбедување и за автомобилски и за потрошувачки апликации, може слободно да се каже дека Microchip сега претставува “едношалтерски систем” за Qi 1.3 решенијата.