Рубрика: Информатика
Гласајте за Сајт на годината 2021
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 18.02.2022 - 19:00

Како што веќе информиравме, во тек е изборот на Сајт на годината 2021 и во претходните две недели се примаа номинации во секоја од предвидените категории. Таа фаза помина и од завчера е започнато гласањето за номинираните. Затоа побрзајте и гласајте за своите фаворити.  

Изборот за Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и да ги поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во Македонија ‒ вака велат организаторите Media Solutions и KeepAnEye. Оваа година е единаесетта година по ред како се прави овој избор.

Откако заврши првичната фаза за номинирање на кандидатите, од пред некој ден беше отворена можноста за гласање. Сите номинирани кандидати за титулата Сајт на годината се прикажани по категории. Вашиот глас може да го дадете за својот фаворит во секоја од наведените 22 категории за избор. Притоа имате право да гласате само за еден номиниран сајт по категорија, значи гласајте мудро ;)

Правилата за гласање се јасно истакнати на лендинг страницата за избор на Сајт на годината 2021

Постапката за гласање е мошне едноставна, списокот на категориите е даден прегледно, и се појавува веднаш по пристапот на страницата sajtnagodinata.mk. Ја одбирате соодветната категорија со клик/допир по што во паѓачко мени се прикажуваат кандидатите од таа категорија, по ова го избирате со клик/допир сајтот за кој сакате да гласате. Постапката се повторува при гласањето во секоја од категориите. На крајот од списокот треба да ја внесете вашата е-mail адреса во одбележаното поле и да го притиснете копчето “ГЛАСАЈ”, по што системот автоматски ќе испрати порака на таа адреса. За да го потврдите и валидирате вашиот глас потоа треба да ја отворите пораката што пристигнала во сандачето од e-mail адресата којашто ја имате наведено и да го кликнете копчето “Го потврдувам мојот глас!“. И тоа е тоа.

Го одбирате вашиот фаворит во секоја од категориите и го заклучувате вашиот глас со внес на валидна мејл адреса и потврда – едноставно нели?

Веб-порталот на Емитер emiter.com.mk оваа година е номиниран и се натпреварува во три категории: „Најдобар сајт за вести и информации”, „Најдобар сајт за образование, наука и култура“ и „Најдобар сајт за ИТ и електроника“, па ако ви се допаѓа она што го гледате и читате на нашиот сајт, повелете и гласајте за emiter.com.mk.

Гласањето ќе трае до 4-ти март, по што ќе бидат прогласени победниците.

Како изгледа интерфејсотза гласање на страницата за избор на Сајт на годината 2021 на вашиот мобилен телефон

Клучни зборови:
Како изгледа сајтот од вашиот десктоп/лаптоп компјутер

Како изгледа сајтот од вашиот десктоп/лаптоп компјутер – на прв пристап дадени се сите правила за процесот на гласање

Како изгледа сајтот од вашиот десктоп/лаптоп компјутер

Како изгледа сајтот од вашиот десктоп/лаптоп компјутер – избирање на вашиот фаворит во категорија

Како изгледа сајтот од вашиот десктоп/лаптоп компјутер

Како изгледа сајтот од вашиот десктоп/лаптоп компјутер – потврда на вашиот избор со внесување на валиден мејл и притискање на копчето за гласање