Рубрика: Информатика
Предавање за Потенцијалот на креативната технологија
Објавено на 13.12.2021 - 23:15

На 16 декември оваа година, со почеток во 19 часот е закажано интерактивното предавање "Потенцијалот на креативната технологија: алатки за едукација, создавање и прикажување уметност", во организација на КСП Центар-Јадро во соработка со проф. д-р Анис Сефиданис од УИСТ “Св. Апостол Павле” и ФОНТИС универзитетот од Холандија.

За време на ова интерактивно онлајн предавање, професорите Јан Стаес од Универзитетот за ликовни и изведувачки уметности Фонтис, Холандија, и д-р Анис Сефиданис од Универзитетот за информатичка технологија и наука “Св. Апостол Павле”, Охрид, заедно со и уметниците Алесандро Ола и Ивана Балабанова ќе разговараат за тоа како VR и другите технологии може да се користат за подучување, создавање и споделување уметност. Тие ќе се фокусираат на креативна технологија која е достапна за сите и не бара специјализирано знаење или опрема. Предавањето ќе биде на англиски, а модератор е Мааике Феккес.

Секој кој веќе експериментирал со креативната технологија или сака да се запознае со нејзините можности, е добредојден да се вклучи во дискусијата на следниов zoom линк: https://us02web.zoom.us/j/89708697354...

 

Потенцијалот на креативната технологија е второто предавање од серијата предавања организирани од КСП Центар-Јадро и ФОНТИС Универзитетот, во рамките на програмата на КСП Центар-Јадро "Уметност, образование и технологија во ерата на (пост) COVID-19".

Настанот е дел од годишната програма на КСП Центар-Јадро, поддржана од страна на од Министерството за култура

Клучни зборови: