Таблети, паметни телефони, компјутери, но и LED светилки – секојдневно навлегуваме сè подлабоко во дигиталната ера а тоа неминовно ја зголемува нашата изложеност на сина светлина. Реномираното име од светот на оптиката – ZEISS, неодамна ги претстави на пазарот своите иновативни очила ZEISS BlueGuard за заштита од сина светлина.
Последниве години постои тренд сè почесто да се потпираме на нашите дигиталните уреди и за работа и во слободното време. Во изминиве пандемиски година и пол со паметните телефони, таблетите, или компјутерите се информираме, учиме, играме, купуваме,... тие се алатки за работа, за следење на настаните, но и за дружење. Сепак, оваа постојана секојдневна изложеност на дигиталните уреди не е без последици и може лесно да предизвика проблеми поврзани со видот. Многуте часови поминати пред екраните, во виртуелните училници или канцеларии, го зголемија времето на изложеност на вештачко сино светло, што може да предизвика замор на очите, црвенило, печење и суви очи.
За што зборуваме кога зборуваме за сина светлина
Светлината што допира до човечкото око е поделена на видлив и невидлив спектар, а во вториов се наоѓа и ултравиолетовото зрачно поле. Како што знаеме, УВ-зраците се природно дел од сончевата светлина и ги има и во есен и зима, па дури и во облачни денови. Знаеме дека тие можат да претставуваат ризик за кожата и очите, а од нив се заштитуваме со разни препарати за сончање и очила со целосна УВ заштита, дури и ако не се наменети само за заштита од сонце. Сепак, ова не се единствените закани за нашите очи во светлосниот спектар. Вештачката сино-виолетова светлина има помалку енергија од ултравиолетовата светлина, но таа успева да се пробие до мрежницата речиси без да се филтрира. А денес, речиси сите извори на светлина содржат повеќе сина светлина отколку во минатото. Земете ги за пример само LED-светилките што ги употребуваме наместо класичните светилки. Како резултат на ова, во нормални, секојдневни ситуации, ние сме повеќе изложени на сина светлина.
Како да се справиме со изложеноста на сина светлина
За справување со штетното дејство на сината светлина помагаат очила опремени со стакла кои имаат филтер погоден за заштита на очите. Овие очила би требало да не ја елиминираат целосно сината светлина, која сепак има и „добра“ компонента која го регулира ритамот сон-будење. Водечката светска технолошка групација од областа на оптиката и оптоелектрониката, ZEISS за оваа намена има развиено специјални леќи, ZEISS BlueGuard, кои ја блокираат потенцијално штетната сина светлина и обезбедуваат целосна УВ заштита. Ова е возможно благодарение на материјалот од којшто се изработени а којшто ја апсорбира сината светлина, што не е случај со сличните вакви очила на пазарот коишто ја рефлектираат. Имено, материјалот од којшто се изработени ZEISS BlueGuard е заснован врз технологијата ZEISS UVProtect и обезбедува целосна заштита од УВ и блокира до 40% од иритирачката и потенцијално штетната сина светлина.
Очилата ги намалуваат и грозните сино-виолетови рефлексии на леќите за 50%, како и таканаречениот дигитален визуелен стрес, што сè почесто се јавува во овој дигитализиран свет.