Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по 42-ри пат ја организираат Меѓународната изложба МАКИНОВА на која се изложуваат пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво. Изложбата МАКИНОВА 2021 ќе биде придружена со изложбата ЕКОНОВА 2021. Инаку изложбата на еколошки иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина, се организира по 19-ти пат.
По тој повод СПАТУМ упати повик до сите поединци, производни компании, научно-истражувачки организации, факултети, училишта, самостојните иноватори, клубови на млади техничари и природници, наука на млади истражувачи, да земат учество на најголемата манифестација во Македонија поврзана со инвентивното и креативното творештво – 42-рата по ред МАКИНОВА 2021 и 19-та ЕКОНОВА 2021.
Како што вели организаторот со своето присуство учесниците ќе бидат дел од традицијата и инвентивното движење во Македонија. Искористете ја единствената можност пред пошироката стопанска заедница и јавноста во Македонија да ја промовирате и афирмирате вашата идеја, иновација, пронајдок, нов производ, техничко унапредување, дизајн и трговска марка.
Пријавите за учество може да се најдат прикачени на www.atcm.org.mk, а сите заинтересирани треба да ги достават пополнети најдоцна до 30 октомври 2021 година преку електронска пошта, на makinova.ekonova@yahoo.com и info.spatum@yahoo.com, или како обична пратка на адреса: Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ, Градски Ѕид блок бр. 5, п. фах 14, Скопје 1000, Македонија
Планирано е манифестациите да се одржат во Скопје, во периодот од 8 до 10 ноември оваа година. За начинот и местото на одржување организаторите ќе дадат дополнителни, навремени информации за сите пријавени учесници.