Рубрика: Информатика
Нов YouTube-канал на македонски јазик посветен на гејмингот
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 06.09.2021 - 13:15

Внимание Гејмери! Од викендов добивте нов YouTube канал на македонски јазик посветен на игрите и гејмингот. Како што творецот на овој канал објаснува во интро-видеото, тука на едно место ќе може да се информирате за трендовите во гејмингот, да најдете водичи за поминување низ игрите, осврти за нови и не толку нови игри, интервјуа со луѓе кои ги сакаат игрите итн.

А творецот на YouTube каналот веројатно го познавате. Гораст Цветковски е соосновач на македонската гејминг асоцијација МАГДА и соосновач на сајтот ggtv.mk посветен на игрите и гејмингот воопшто. По сајтот ggtv, YouTube каналот GGGorast е создаден со идеја македонските гејмери да добијат уште едно врталиште посветено на нивната пасија.

Првата епизода е веќе поставена на каналот и е посветена на играта Ghosts of Tsushima Iki Iland DLC. Веднаш по овој видео подкаст поставени се и серија видеа посветени на играта Ratchet and Clank: Rift Apart, како и двe видеа со совети како одржување на вашите машини и подобрување на вашето гејминг искуство.

За да го заследите YouTube каналот повелете тука

Првиот гермерски осврт за нова видео игра
Клучни зборови: