Рубрика: Информатика
TikTok е најпреземаната апликација во светот во 2020 година
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 11.08.2021 - 13:45

Апликацијата TikTok минатата година беше најпреземана апликација во светот, надминувајќи го бројот на преземања на Фејсбук и на платформите за размена на пораки, вака објави минатата недела компанијата која ги следи и истражува состојбите на пазарот со апликации AppAnnie

Кинеската апликација за поставување и размена на кратки видеосодржини минатата година стекна огромна популарност, дури и во САД и покрај напорите на поранешниот претседател Доналд Трамп да ја забрани или да ги принуди кинеските сопственици да ја продадат апликацијата на американски инвеститори..

Се верува дека TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, има една милијарда корисници ширум светот, вклучувајќи повеќе од 100 милиони корисници од Соединетите американски држави. Размената и поставувањето видеа во кратка форма се особено популарни кај младите корисници на паметни телефони.

Американскиот претседател Џо Бајден во јуни ги отповика извршните наредби од неговиот претходник Трамп, кои бараа забрана за TikTok, но и за уште една кинеска апликација WeChat, за продажба на американскиот пазар, повикувајќи се на нарушување на националната безбедност. Но и покрај отповикувањето на забраната, Бајден наредил да се изврши преглед и проценка на потенцијалните ризици за интернет-услугите од апликациите во странска сопственост.

И додека оваа политичка “драма” сè уште беше во тек, TikTok се искачи од четвртотот место на најсимнувани апликации во 2019 година на првото место за минатата 2020 година, барем според податоците на App Annie.

TikTok го “прегази” Фејсбук којшто поседува две од најупотребуваните апликации за размена на пораки – Messenger и WhatsApp. Растечката популарноста на TikTok дури го примора Instagram во сопственост на Фејсбук да додаде нови видео-функции, за да остане во чекор со жешкиот тренд.

Во меѓувреме, од минатиот месец TikTok започна да им дозволува на корисниците да објавуваат видеосодржини во должина до три минути, со што за трипати го продолжи претходното временско ограничување, со цел да останат пред конкурентите.

Фејсбук тврди дека порастот на популарноста на TikTok ги потфрла тврдењата на антимонополските извршители во САД дека Калифорниската групација доминира на полето на социјални мрежи.

Клучни зборови: