Рубрика: Информатика
Дали Амазон ќе влезе на пазарот на криптовалути?
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 28.07.2021 - 12:30

Незапирливиот раст на криптовалутите продолжува и покрај различните предвидувања за нивната иднина, како и покрај отпорот од постоечките механизми на финансиските институции. Факт е дека сè повеќе учесници на светскиот финансиски пазар ги прифаќаат криптовалутите како платежно средство, а светот на криптовалутите започна да ги вклучува и светските компании кои имаат огромен капитал. Новите инвестиции во криптовалути придонесуваат за нивната вредност, но пред сè за нивната стабилност, која честопати е мета на критичарите.

Ако се земе предвид дека Visa и Mastercard, како двајца доминантни продавачи во областа на платежните картички, веќе поддржаа картички што користат криптовалути, станува јасно дека дигиталните валути добиваат сè поголема поддршка и динамика. На споменатата акција се приклучи и PayPal, кој исто така започна да ги прифаќа криптовалутите како легитимно платежно средство.

До скоро гигантот Амазон сè уште се немаше изјаснето по ова прашање. Но, неодамна беше забележано дека Амазон објави оглас за ангажирање експерти кои се занимаваат со криптовалути, како и со блокчејн технологија. Оваа вест укажува на тоа дека Амазон почнува сериозно да размислува за употребата на криптовалути, а особено на биткоинот.

Треба да се има на ум дека Амазон, засега, не прифаќа ниту една криптовалута како платежно средство за своите производи. Проширувањето на тимот експерти за дигитални валути на Амазон јасно става до знаење дека компанијата сериозно ќе ја сфати употребата на криптовалути во системите за е-трговија. Столб на тимот треба да биде водачот на проектот кој ќе ја осмисли стратегијата за употреба на дигиталните валути во системите за плаќање преку Интернет.

Ако се земе предвид фактот дека Амазон вработува над 600 илјади луѓе ширум светот и дека годишните приходи на компанијата изнесуваат над 230 илјади милијарди американски долари, јасно е за каков финансиски гигант станува збор. Проектот носи многу предизвици, од кои можеби најголем е односот на државните администрации кон начинот на користење на криптовалутите. Од наведените износи може да се заклучи дека компанијата Амазон економски е значително посилна од повеќето земји и затоа не е исклучена можноста државните администрации да ги почитуваат правилата на економски помоќен ривал.

Мотивот на Амазон е профит, а раководството на компанијата очекува дека воведувањето на криптовалутите во оптек ќе го зголеми профитот и дополнително ќе ја зајакне компанијата. Целта на компанијата е да обезбеди современи, брзи и ефтини плаќања што ќе им бидат понудени на клиентите во Амазон. Одделот за клауд компјутинг на Амазон нуди услуга за блокчејн технологија сместена во системот на облак на Амазон, што значи дека технолошка основа за прифаќање на криптовалути веќе постои.

Ова значи и дека иако Амазон не беше фокусиран на блокчејн технологијата, компанијата вршела анализи и ја тестирала технологијата во својот систем во облак. Дополнителен мотив за Амазон е ширењето на постојните дигитални валути, но и најавата за емитувања на криптовалути од компании како Фејсбук и Епл.

Влегувањето на Амазон на пазарот на криптовалути ќе додаде, можеби клучно, поттик за понатамошниот развој на дигиталните валути. Првите резултати веројатно ќе ги видиме во наредните месеци.

Клучни зборови: