Рубрика: Астрономија и астронаутика
Како ФАА ги зафркна Безос и Бренсон
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 27.07.2021 - 13:00

Неодамна бевме сведоци на лансирањето на две приватно финансирани и градени  вселенски летала до орбитата на Земјата и назад. Иако ниту едно од овие две летала не е прво приватно финансирано летало наменето за патување во вселената, ниту пак е на исто ниво со вселенските ракети и капсули на Елон Маск, она што ги прави историски уникатни е што за првпат финансиерите на овие потфати беа дел екипажот кој се вивна кон вселената во обид да се стекнат со титулата астронаут. Најнапред тоа го направи Ричард Бренсон со неговото летало Вирџин Галактик, а потоа и сопственикот на компанијата Амазон, Џеф Безос. И за малку ќе им успееше...

Обата лета поминаа номинално, по астронаутски жаргон, што значи без никакви вонредни ситуации и дека сè течеше според предвидениот план.

Лансирањето на авионот со ракетен мотор Вирџин галактик, со Ричард Бренсон во него, се одвиваше во воздух. 

Прв полета Бренсон, на 11 јули, и неговото летало достигна висина од 85 километри, реализирајќи суборбитален лет со вкупно времетраење од 90 минути. Технички Бренсон не се најде во вселената, со оглед на тоа што таа според официјалните договори започнува над линијата Карман, на висина од 100 километри (повеќе за Карман линијата тука). Но, тогаш сè уште важечката дефиниција за астронаут на американската Федерална агенција за воздухопловство (ФАА) диктираше дека секој што ја надминал висината од 50 милји, односно од 80,5 километри, може да се себеси да се нарекува астронаут.

Три дена подоцна кон вселената се вивна и Безос во неговото летало Блу Ориџин. Блу Ориџин ја достигна и надмина линијата Карман, постигнувајќи висина од 106 километри, а целиот лет од лансирање до приземјување траеше само 10 минути и 10 секунди. Заедно со Џеф Безос во капсулата беа неговиот брат Марк, 18 годишниот холандски студент  Оливер Даеман и 88 годишната Воли Фанк. Последниве двајца се истовремено најмладата и најстарата личност што некогаш била до вселената, соодветно. 

Лансирањето на Блу ориџин, со Џеф Безос во внатрешноста на капсулата

И додека Безос му воочуваше на Бренсон дека тој не ја ни поминал границата од која официјално започнува вселената, па поради тоа не може да се нарече астронаут, американската ФАА набрзина пресече и ја измени дефиницијата...

На 20 јули канцеларијата за комерцијален вселенски транспорт при ФАА издаде уредба со којашто се опишуваат условите за стекнување правото да се носат ознаките на астронаутски крилjа и критериумите што треба да се задоволат. Се работи за прво формално ажурирање на програмата со која се дефинира стекнувањето право на насловот астронаут за комерцијалните вселенски летови, откако овие уредби беа за првпат дефинирани во 2004 година. Според новата дефиниција ниту Безос ниту пак Бренсон нема да можат за себе си да тврдат дека се астронаути, и покрај вселенските летови. Новата дефиниција на ФАА вели дека вселенските патници е потребно да покажат “за времетраењето на летот активности коишто се клучни за јавната безбедност, или пак дека придонеле за безбедноста на вселенскиот лет со човечка посада” за тие да се стекнат со правото за носење на крилjата со кои се означува звањето астронаут.

Малите нешта што многу значат –  т.н. 'астронаутски крилја', значка којашто на сите им покажува дека се во присуство на астронаут

Според ФАА промената на дефиницијата била направена со цел “да се стави акцент на улогата што ФАА ја има во јавната безбедност при комерцијалните вселенски летови.” На како и кај секое дефинирано правило, за итрите и оние што инсистираат може да се најде “дупка” – ФАА може да додели почесни астронаутски крилца на лицата кои дале извонреден придонес или прикажале дејства со кои се подобрува индустријата за комерцијални вселенски летови со човечки екипаж.

Носителите на значката 'астронаутски крилја' не се стекнуваат со некои нови привилегии, ниту пак крилцата повлекуваат некое правно значење. Тие значат едноставно оддавање почит кон подвигот што овие лица го извеле, а во случајот на Безос и на Бренсон да се поседуваат астронаутските крилја е само работа на престиж.

Клучни зборови:
Промотивна фотографија на екипажот на Вирџин Галактик

Промотивна фотографија на екипажот на Вирџин Галактик

Лансирање на авионот со ракетен мотор Вирџин галактик се одвива во воздух

Лансирање на авионот со ракетен мотор Вирџин галактик се одвива во воздух. 

Промотивна фотографија од екипажот на Блу ориџин во внатрешноста од капсулата

Промотивна фотографија од екипажот на Блу ориџин во внатрешноста од капсулата

Лансирањето на Блу ориџин

Лансирањето на Блу ориџин

Малите нешта што многу значат –  т.н. 'астронаутски крилја', значка којашто на сите им покажува дека се во присуство на астронаут

Малите нешта што многу значат – т.н. 'астронаутски крилја', значка којашто на сите им покажува дека се во присуство на астронаут