Рубрика: Информатика
Пазарот на криптовалути закрепнува
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 15.07.2021 - 15:30

Цената на криптовалутите на светскиот пазар покажа мал пораст. Според податоците достапни утрово на страницата Коиндеск, биткоинот се тргува по цена од 32 457 американски долари, што значи дека бележи скок од 1,37% во последните 24 часа. Етериумот, втората најбарана криптовалута, исто така покажа нагорен тренд. Според податоците достапни утринава неговата цена изнесува 1954 американски долари, што претставува скок од 2,56%  за последниве 24 часа.

Закрепнувањето на пазарот за дигитални валути доаѓа по задолжителното полугодишно обраќање на ФЕД пред американскиот Конгрес во врска со состојбата на монетарната политика и на економијата. Имено, Џером Пауел, претседателот на ФЕД, во неговото излагање потенцирал дека е потребно подобрување на американската економија пред американската Централна банка да одлучи да ја промени својата ултра лабава монетарна политика. Во превод, ова значи дека во скоро време нема да има значително зголемување на каматните стапки.

Од друга страна, инфлацијата во САД бележи најбрзо пораст во последните 13 години, па многумина на криптовалутите гледаат како на механизам со којшто би се заштитиле од оваа состојба.

Клучни зборови: