Фотографија од внатрешната страна на очниот капак, направена со стандардна камера за паметни телефони, насскоро би можела да се користи за скрининг за анемија. Вака барем се најавува во студијата на Селим Сунер, од Универзитетот Браун и Болницата Род Ајленд, и на неговите колеги, која беше објавена неделава во списанието со отворен пристап PLOS ONE.
Анемијата, дефинирана како ниска концентрација на хемоглобинот во крвта, е состојба која се јавува кај повеќе од 25% од глобалното население. Тешката анемија носи значаен фактор на ризик за морбидитет и за морталитет, особено кај децата, постарите лица и хронично болните. Имајќи го ова предвид потребата за ефтин, достапен и неинвазивен начин за скрининг и дијагностицирање на анемијата одамна се поставува како неопходност.
Претходните истражувања веќе покажале дека внатрешноста од долниот очен капак, наречен палпебрална конјуктива, изгледа побледо кај оние што патат од анемија. Во новата студија, истражувачите направиле фотографии со паметен телефон на палпебралната конјуктива од 142 пациенти, кои биле со широк спектар на нивоа на хемоглобин. Потоа на секоја фотографија бил зумиран мал регион на конјуктивата и бил развиен нов алгоритам за оптимизирање на резолуцијата на бојата и модел за предвидување којшто ја поврзува бојата на конјуктивата со нивото на хемоглобин. Потоа тимот ги тестирал новите алгоритми со фотографии добиени од 202 нови пациенти.
При анализата на новиот сет на фотографии, моделот се покажал прецизност за 72,6% (CI 71.4-73.8), чувствителен 72.8% (71-74.6) и специфичен за 72.5% (70.8-74.1) од случаите при предвидување на анемија. Точноста за детектирање на случаи каде анемијата била на праг за потреба од трансфузија била поголема, со точност од 94,4% (93,7-95,0) за низок праг на трансфузија и точна 86% (85,0-86,9) за повисок праг. Тонот на кожата немал влијание врз резултатите, но квалитетот на сликата влијаел до одредена мера. Резултатите укажувале на тоа дека апликација за паметен телефон би можела да се користи за преглед на анемија во оддалечени места на зафрлени локации, особено во услови со ниски ресурси каде што пристапот до здравствена заштита е редок и проблематичен.