Mинатата недела, македонската PR и маркетинг агенција IDEA LAB, во соработка со едукативната установа од областа на дигиталниот маркетинг, Creative Hub, организираше креативен хакатон насловен како „Cracking the idea code”.
IDEA LAB, како агенција која што се води по светски и европски трендови, како во работењето со клиентите, така и во мотивирањето на вработените, постојано се труди да вклучува млади и амбициозни луѓе во процесот на работење. Амбициозниот дух и креативноста се она што ја движи агенцијата низ годините, а токму затоа IDEA LAB ја започнa оваа исклучително важна соработка со едукативната установа Creative Hub.
„Како агенција, но и како менаџери, секогаш се трудиме да ги препознаеме амбициозните креативци, кои максимално се вложуваат во своето работење, но и секогаш изненадуваат со неверојатни идеи. Долгогодишното искуство и знаење, несебично ни е драго да го споделиме со сегашните и идните суденти на едукативната установа, Creative Hub. Нашите врати се секогаш отворени за луѓе кои сакаат да учат и да запливат во водите на маркетингот и креативноста,“ изјави Димитар Атанасовски, еден од сопствениците на PR и маркетинг агенцијата, IDEA LAB.
Креативниот предизвик имаше за цел да ја претстави моќта на маркетингот, како и односите со јавност и да ги разбуди креативните мисли на студентите на Академијата за дигитален маркетинг, кои имаа за задача да смислат шестмесечна комуникациска стратегија за однапред утврден клиент врз основа на конкретен бриф.
IDEA LAB, во рамките на 24-часовниот креативен камп, организираше презентирање на комуникациските стратегии, подготвени од студентите, по што беше одбрана најдобрата комуникациска стратегија, односно најдобриот студент, кој добива можност за платена пракса во агенцијата и можност да го искуси работењето со врвни, локални и глобални клиенти.
IDEA LAB е прва македонска PR и маркетинг агенција којашто, од неодамна, е членка на PROI Worldwide, водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 55 земји. Со цел кон постојан раст и развој, компанијата продолжува со привлекување на нови идеи, како и нови вработени, кои со креативните и комуникациски вештини ќе помогнат во реализирањето на една од целите, а тоа е IDEA LAB да стане глобална PR и маркетинг агенција.
--- промотивен напис ---