Team Viewer за Android е пригоден начин за далечинско управување со компјутери, таблети и паметни телефони. Но, воедно тој може да биде и меч со две острици – секој со пристап до вашиот отклучен телефон може да побара далечинско управување со зачуваните системи и пристап до доверливи податоци. Најновото ажурирање конечно ја воведува долгоочекувана безбедносна карактеристика.
Сега, конечно можете да ја заштитите апликацијата со биометриска автентикација, што спречува неовластен пристап, дури и ако вашиот телефон е отклучен. Ова значи дека не може да ја користите само формата или пин кодот за отклучување на апликацијата – на апликацијата и треба биометриска автентикација.
Ако апликацијата ја отворате често, може да поставите одложено заклучување по најмногу 10 минути.
Team Viewer, исто така, дава можност и да ја оневозможите биометриската заштита, што може да ви се најде во ретки случаи, како, на пример, во случај на дефект на биометрискиот хардвер. Но, внимавајте, при оневозможување на биометриската заштита ќе се исчисти историјата на вашата врска и ќе се отстранат најавените сметки, спречувајќи несакан пристап.