Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 3.6.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 03.06.2021 - 15:30

Во денешниот времеплов бележиме 31 година од смртта на еден од пронаоѓачите на интегрираното коло, Роберт Нојс, 56 години од првата американска вселенска прошетка, 48 години од падот на првиот надзвучен авион и точно 529 години од денот кога бил претставен првиот глобус.

 

3.6.1990 – Почина Роберт Нојс, еден од пронаоѓачите на интегрирано коло

Роберт Нојс (Robert Norton Noyce) е американски пронаоѓач и инженер, соосновач на корпорацијата Интел и еден од пронаоѓачите на интегрираното коло и на микрочипот. Поседувал шеснаесет патенти за различни полуспроводнилки уреди, методи и структури.

Во 1959 година, Нојс и Џек Килби од Тексас инструментс, независно еден од друг го развиле интегрираното коло, коешто придонесе значително да се зголеми моќноста на пресметките на компјутерите.  Заедно со Гордон Мур и Енди Гроув, во 1968 година Нојс ја основа компанијата Н.М. Електроникс, којашто подоцна ќе биде преименувана во Интел, компанија што ќе стане доминантен производител и лидер во индустријата на полуспроводници.

Роден е во Бурлингтон, Ајова. Се школувал на на колеџот Гринел и на престижниот МИТ, за потоа да се в работи во Филко Корп, од каде заминал за потоа да работи во Лабораторијата за полупроводници на Шокли, а потоа во компанијата Ферчајл полуспроводници, каде што го развил интегрираното коло.

Починал од срцев удар на 62-годишна возраст. (И. З.)

 

3.6.1965 – Астронаутот Ед Вајт стана првиот американец кој прошета во вселената

Ед Вајт е избран да стане дел од втората група астронаути на НАСА во 1962 година. Честопати бил нарекуван физички најподготвен астронаут. Вајт заедно со Џејмс Мекдивит беше дел од четиридневната орбитална мисија на леталото Џемини 4, лансирано на 3 јуни 1965 година. При третата орбита Вајт излезе од вселенското летало, лебдеше во вселената околу 20 минути, и притоа стана првиот човек што се движел во вселената со помош на опрема за маневрирање. Вајт беше и еден од тројцата членови на екипажот на Аполо1, кои во 1967  година погинаа за време на симулацијата на летот (другите беа Вирџил Грисом и Роџер Чафи). Оваа несреќа беше прва во историјата на американската вселенска во којашто имаше човечки жртви. (Н. С.)

3.6.1973 – Се урна првиот надзвучен патнички авион

Советскиот воздухоплов од типот Туполев Ту-144, познат и како Конкордски, се распадна во воздух за време на демо-летот на Саемот за воздухопловство во Париз во 1973 година. Во несреќата починале 14 лица. (Н. С.)

 

3.6.1492 – Мартин Бехајм го претстави првиот современ глобус

Глобусот претставува сферен картографски приказ на одредена површина. Притоа смалениот приказот може да ја претставува Земјата, небесната сфера или, пак, некоја планета. Глобусот може да биде географски и астрономски, а во наставата по географија претставува едно од основните нагледни средства.

Првите глобуси се појавуваат уште во стариот век, веднаш по сознанието дека Земјата има топчест облик. За творец на првиот глобус се смета Каратес од островот Малос, кој во 2 век п.н.е. изработил сферен модел на планетата, а Птоломеј, во неговото дело “Географија” дал упатства за изработка на глобис. Во арапсиот свет во 13 век биле изработени повеќе модели на Земјата, од кои до денес преживеале само два.
Во 1492 година, Мартин Бехајм со помош на сликарот Георг Глокендон го конструира првиот глобус во средниот век, непосредно пред откритието на Новиот свет. Овој смален приказ на Земјата тој го нарекува Ердафел (Erdapfel). Пред да го конструира глобусот Бехајм многу патувал. Во 1480 година тој престојувал во Лисабон каде воспоставил деловни контакти и се дружел со истражувачи и научници. Од 1485 до 1486 година заедно со португалскиот морепловец и истражувач Диого Као го пропатувал брегот на Западна Африка. Конструирањето на глобусот го започнал по враќањето во Нирнберг, Германија, во 1490 година. (Н. С.)

Клучни зборови:
Роберт Нојс

Роберт Нојс

Роберт Нојс (десно) заедно Гордон Мур (лево), двајцата основачи на компанијата Интел

Роберт Нојс (десно) заедно Гордон Мур (лево), двајцата основачи на компанијата Интел

Нојс заедно со Стов Џобс

Нојс заедно со Стов Џобс

Првата американска вселенска прошетка

Првата американска вселенска прошетка

Ту-144 – 'Конкордски'

Ту-144 – 'Конкордски'

Кокпитот на ТУ-144

Кокпитот на ТУ-144

Снимка од аеромитингот во Бурже

Снимка од аеромитингот во Бурже

Еден од неколкуте примероци на Едрафелот кој преживеал до денес

Еден од неколкуте примероци на Едрафелот кој преживеал до денес

Мартин Бехајм и неговиот глобус

Мартин Бехајм и неговиот глобус