Со цел подобро запознавање со дигиталните алатки коишто им стојат на располагање на современите претприемачи, Македонски Телеком организира серија вебинари на кои претприемачите ќе можат да научат нешто повеќе за тоа како да ги дигитализираат нивните бизниси.
Бидете во чекор со изменетите работни потреби и прилагодете се на новите околности дознавајќи кои дигитални алатки ќе Ви овозможат континуитет и успех во работењето. На Телеком Вебинарите ќе се информирате и за тековните промоции и поволностите за користење на дигиталните алатки.
Со презентирање на услугите и алатките, како и преку споделување на кориснички искуства, патот кон дигиталното осовременување на вашиот бизнис ќе стане поедноставен и ќе изгледа помалку застрашувачки.
Содржините и распоредот на вебинарите е следен:
• Вебинарот за дигитална едукација/трансформација на малите и средни компании “Дигитализација, сега!” треба да се одржи на 3 јуни;
• Вебинарот за употреба на cloud решенијата за поефикасно работење, каде и да се наоѓате, насловен како “Дигитална канцеларија, секаде”, треба да се одржи на 10 јуни;
• Вебинарот за креирање е-продавница и зголемена онлајн видливост на вашиот бизнис, “Ве има ли на интернет?”, e планиран за 17 јуни;
• Вебинарот за дигитализација на работните процеси, насловен ” Фактури и потписи на клик”, e најавен за 24 јуни;
• Вебинарот за целосно безбедна работа со деловни податоци “Без безбедност нема ефикасност”, треба да се одржи на 1 јули; и
• Вебинарот “Дигитализација – оптимизација” чијашто цел е едукација на претприемачите во врска со намалувањето на трошоците преку користење на дигиталните услуги, e закажан за 8 јули.
Според најавата, Телеком Вебинарите ќе се одржуваат онлајн, со користење на професионалната платформа за таа намена – CISCO Webex.
Вашето учество може да го пријавите на следнава локација тука, каде имате можност да одберете на кои од активните Телеком Вебинари би сакале да учествувате.