Рубрика: Омнибус
DHL со раст од 5,5%, благодарение на е-трговијата
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 08.04.2021 - 13:45

Дојче Пост ДХЛ Групацијата забележала раст на приходите за 5,5 проценти на 66,8 милијарди евра во 2020 година. Овој раст беше пред сè управуван од глобалниот бум во електронската трговија. Мерките за справување со пандемијата кои се спроведуваат ширум светот доведоа до зголемена количина на пратки.

Оперативната добивка на логистичката компанија се зголемила за 17,4 проценти или на повеќе од 4,8 милијарди евра во 2020 година. Ова очигледно ја надминува претходно прлнираната заработка на DHL од 4,1 до 4,4 милијарди евра. DHL вели дека 2020 година била година исполнета со исклучителни предизвици.

Потребата за нашите услуги беше зголемена повеќе од кога било. Ние не само што објавивме рекордна заработка, туку и отворивме 20 000 нови работни места ширум светот “, се вели во соопштението за печат на компанијата. Според извршниот директор Френк Апел, овој успех не дошол од никаде. Тој вели дека Групацијата Дојче Пост ДХЛ се фокусирала на својот основен логистички бизнис со доследно усогласување на компанијата кон е-трговија.

На овој начин ја зајакнуваме нашата профитабилност и нашата отпорност кон глобалните економски турбуленции“, додава Апел. “Групацијата Дојче Пост ДХЛ е добро позиционирана за да го продолжи растот профитабилно во наредните години“.

Клучни зборови: