“Имам многу добар производ, нудам добри услуги, но не вреди... Сакам да испорачувам пакети нарачки, на тони! Не сакам моите услуги да ги користат само неколку луѓе. Морам да отворам е-продавница, но тоа domen, host, Wordpress, HTML5… не е за мене!“
Признајте, повеќето од вас некогаш воделе ваков или сличен разговор со некого. И голем дел од оние што ги искажале овие реченици уште на стартот се откажале. Но, не треба да се предавате. Е-трговијата не е бауч, и работите може да бидат многу поедноставни ако знаете што сакате и како да го добиете.
Што треба да содржи е-продавницата?
Пред сè, на вашите купувачи мора да им овозможите некој вид на “пребарување“. Тука не мислиме на класичната опција “search“ на сајтот. Тие знаат што сакаат, но не знаат како да го најдат тоа. Понудете им филтери во пребарувањето, ограничување на опсегот на пребарување – од која до која цена, која количина, нови или аутлет, по парче или во пакување од 10, 20,100 производи... Овозможете им лесно да го пронајдат производот што им треба. Кога веќе ќе пронајдат што сакаат, потрудете се до делот за плаќање да ги водат неколку чекори, тоа да биде едноставно. Поставете впечатливо копче “КУПИ“ или слично. Не дозволувајте да талкаат низ вашиот сајт и да се откажат. Ним им треба тоа што го нудите, вам ви треба продажба!
Доаѓаме до најважниот дел, презентација на тоа што го нудите. Да бидеме реални, доколку вашиот производ има само една слика тешко е дека тој производ ќе се продаде. Важно е на купувачите да им овозможите во потполност да се запознаат со тоа што го нудите без оглед дали се работи за класична физичка работа или услуга. Обезбедете ги сите спецификации, сите состојки, начин на употреба, ценовник...
Вашиот сајт треба да биде достапен на сите уреди! Сè повеќе корисници имаат телефони, таблети... Луѓето понекогаш сакаат едноставно да купуваат и да нарачуваат по пат на интернет. Практично додека пијат кафе можат да нарачаат од својот дом.
Вашата веб-презентација едноставно мора да им овозможи на сите да го порачаат она што им е потребно. Секако, тука не станува збор за тоа дека секој мора да има своја апликација. Доволно е вашиот сајт да биде адекватно оптимизиран за соодветен приказ на сите видови уреди.
Овозможете им на вашите клиенти да се чувствуваат безбедно. Набавката на безбедносен SSL сертификат за сајтот на вашата е-продавница ќе го овозможи ова. При регистрацијата на купувачот на вашиот сајт додадете изјава за заштита на неговата приватност, и секогаш информирајте го за безбедноста на неговата избрана лозинка за пристап.
Само овие неколку чекори, ќе ја направат вашата е-продавница попривлечна а искуството на пазарење во неа ќе ги поттикне клиентите да се вратат одново и одново, секако доколку се задоволни од тоа што го нудите.